Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Купувањето на храна преку Интернет во Србија се зголеми за 200%
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Купувањето на храна преку Интернет во Србија се зголеми за 200%
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОПазари

Купувањето на храна преку Интернет во Србија се зголеми за 200%

Објавено 05/08/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почнувајќи од април оваа година, онлајн продажбата на храна во Србија се зголемила за 200%, продажбата на облека за 100%, а  на техничките уреди и компјутерската опрема за 50%, соопшти тамошното Министерството за трговија, туризам и телекомуникации.

Во исто време, бројот на поплаки од страна на потрошувачите за начинот на остварување на нивните права се зголемил за околу 30%.

Државниот секретар во Министерството за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ за Танјуг изјави дека, за време на вонредната состојба поради пандемијата од „Ковид-19“, поштенските оператори забележале пораст на бројот на пратки, односно пораст во испораката на стоки купени преку е-трговија за 40%, додека трговците забележале пораст, некои од 50%, некои пак дури до 300%.

„И после укинувањето на вонредната состојба, поштенските оператори забележаа уште поголем раст од 50 на 100%, додека повеќето трговци бележат просечен раст од околу 100%, тоа се податоци од Здружението за е-трговија на Србија“, рече Матиќ.

Таа изрази надеж дека растот на е-трговијата ќе продолжи и понатаму благодарение на редовните е-купувачи, како и на тоа дека се појавиле  нови клиенти кои дури сега дознаваат  за безбедноста и квалитетот на онлајн трговијата. Но се поголем е бројот и на трговци на мало кои отвораат се поголем број на канали за продажба на Интернет.

„Техничките уреди и компјутерската опрема отсекогаш биле најбараните производи во е-трговијата, но за време на пандемијата од корона вирусот, состојба се промени, па граѓаните на интернет најмногу купуваат храна и облека“, вели Матиќ

Во април, имало екстремно зголемување на е-трговијата, голем број на луѓе за прв пат се обиделе да купуваат преку Интернет и ги откриле сите придобивки на купувањето без да се оди во продавница, но исто така забележано е и зголемување на поплаките од страна на  потрошувачите и остварување на нивните права за  30%.

Граѓаните најчесто се жалат на несообразност на стоките, издадените гаранции, рокот на испорака, наплата и слично.

Државниот секретар Татјана Матиќ  потенцира дека, Законот за заштита на потрошувачите, јасно ги дефинира правата на потрошувачите во врска со продажбата од далечина, т.е. во рамките на онлајн купувањето, како и обврските на трговеците за преддоговорните информации, извршувањето  и времето на достава, како и правото на потрошувачот да се повлече односно, откаже од купувањето во рок од 14 дена, причините за тоа, како и обврската на трговците во таков случај.

„Сепак, важно е да се напомене дека овие права можат да се остварат само доколку потрошувачите купуваат од регистрирани трговци на мало, што е главен услов за безбедено интернет купување“, потенцира таа.

Една од многубројните активности на Министерството е поврзана со зајакнување на довербата на граѓаните во е-трговијата и објавување на упатства за е-трговија.

„Меѓу другото, сите тие упатства ги насочуваат  граѓаните кон потребните чекори за време на овој вид купување, како што се проверка на продавачите, условите за купување, заштитата на дигиталните уреди и чување на податоците“, додаде Матиќ.

Упатствата, како што објасни таа, даваат и практични совети за тоа како да се изврши  плаќањето како и некои специфични објаснувања за правата на потрошувачите, односно обврските на трговците, кои се регулирани со новиот Закон за трговија и измените на Законот за електронска трговија. Упатствата потсетуваат и на можноста граѓаните да се премислат во рок од 14 дена и да ја вратат стоката со поврат на сретства, вели Матиќ и наведува дека Министерството во моментов работи на усвојување водичи за е-трговци и нивното објавување може да се очекува во третиот квартал од оваа година.

Паралелно со овие активности, се спроведува јавна едукативна кампања од областа на е-трговијата. Растот на електронската трговија во Србија е регистриран уште од почетокот на годинава, а пред воведувањето вонредна состојба. Според Народната банка на Србија во првото тримесечие од оваа година бројот на динарски е-трансакции со картички и е-пари е зголемен за 82,19% во однос на истиот период во  2019 година.

Извор: Агропрес.рс

Може да ви се допадне

Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Српските земјоделци ќе плаќаат гориво по пониски цени
Во Србија нема појава на птичји грип, соопшти Министерството за земјоделство
Таг:зголемена онлајн продажбакупување храна преку ИнтернетОнлајн продажбасрбија
Претходен напис По кого шопската салата го добила името?
Следен напис Во гевгелиско зголемен бројот на апликантите за зелена нафта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?