Шопската салата е традиционално јадење во балканската, а најмногу на српската, македонската, бугарската и чешката кујна. Името го добила по Шопите.
Некои научници претпоставуваат дека Шопите биле потомци на едно од осумте племиња Печенег, кои царот Константин Седми Порфирогенит ги нарекувал Тсопони. Тие биле населени помеѓу Кратово и Софија, како што наведува Трајан Стојановиќ, во книгата „Балкански светови“. Феликс Каниќ во својот патепис „Србија“ забележал дека „Шоповите живеат на територијата на балканскиот превој Гинци јужно од Софија“.
Шопски семејства има и во тимочкиот слив, во околината на Заечар. Тие во тој крај се нарекуваат и Тетевенци по градот Тетевен во Буагрија од каде што се раселиле во текот на 18 век. Јован Цвијиќ утврдил дека ова иселување го предизвикале зулумите на турските арамиски чети во кои имало и Арбанаси.
Јован Цвијиќ наведува дека „Шопите помеѓу Враце и Видина бегале во Стара планина, а некои го поминале Дунав и се иселиле во Влашка, Бесарабија и Банат“. Доаѓајќи во нашите краеви се мешаат со Власите, Србите и Цинцарите и едни на други си го пренесуваат својот јазик, култура па и начин на исхрана. Се занимавале со сточарство и во своите бачила, каде престојувале во текот на летото терајќи ги овците на паша, подготвувале квалитетно сирење (не го ваделе кајмакот).
И ете ја светски познатата „Шопска салата“.
Izvor: Agronews
