Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи
Агровести

Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

Објавено 10/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Царинската управа и Управниот суд денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови.

Со потпишувањето на Меморандумот се овозможува поврзување на институциите преку софтверската платформа ЕПУС, преку која ќе се врши електронска достава и размена на судски акти и документи за управните спорови во кои Царинската управа се јавува како странка во постапка пред Управниот суд. 

– Новиот систем  овозможува креирање електронски досиеја за предметите, како и електронско доставување на документите, што значително ќе го забрза постапувањето и ќе придонесе за намалување на користењето хартиена документација, соопшти Царинската управа.

Оттаму потенцираат дека ги поддржуваат ваквите иницијативи кои, како што посочуваат, претставуваат значаен чекор во процесот на дигитализација и модернизација на институциите, со што се овозможува поефикасна и посигурна комуникација меѓу институциите, побрза размена на информации истовремено намалувајќи ги трошоци за поштенските услуги за достава. 

– Директорот на Царинската управа Бобан Николовски и в.д. претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини изразија задоволство од потпишувањето на Меморандумот, нагласувајќи дека со неговата имплементација ќе се придонесе за зголемување на транспарентноста и ажурноста во постапките пред Управниот суд. Двете страни се согласија дека со оваа соработка се унапредува институционалната координација и се создаваат услови за поефикасно функционирање на управно-судските постапки, се вели во соопштението. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:документиразменаУправниот судЦаринската управа
Претходен напис Мицкоски: Македонија со убедливо најниска цена на нафтата, нема опасност од недостиг
Следен напис Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3 проценти, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?