Полицијата поднесе кривична пријава против две лица и едно правно лице од Прилеп поради сомнежи за финансиски злоупотреби поврзани со работењето на АД „Тутунски комбинат Прилеп“.
Според информациите од ОВР Прилеп, осомничените се товарат за злоупотреба на службена положба, фалсификување службени исправи и неправилности во деловната документација.
Како што соопшти полицијата, во периодот од 2021 до крајот на 2024 година биле доставувани фактури и испратници за услуги за кои постои сомнеж дека не биле реално извршени. Документите биле заведувани како обврски, по што биле одобрени за исплата.
Според пријавата, преку ваквите постапки биле исплатени вкупно 1.439.573 денари, а дел од средствата биле исплатени преку сметка на друштвото на која, според полицијата, еден од пријавените имал единствено право на потпис.
Случајот продолжува со понатамошна истрага за утврдување на сите околности и евентуалната одговорност на инволвираните.
