И додека некои се одлучуваат за одмор на рајски плажи, капење во океан, луксузни хотели и егзотична храна, многу голем број жители на САД, пандемијата и затворањето во домовите ги поттикнаа за престој во природа и летување на бројни фарми ширум земјата.
Според зборовите на Кристин Росет, сопственичка на фарма на северозапад на Арканзас, работата никогаш до сега не им одела подобро. Од месец мај, резервациите за ноќевање се зголемиле дури за 150% во однос на истиот период минатата година.
– „Луѓето се повеќе сакаат да го искусат животот на некоја фарма и да се оттргнат од градската врева. Речиси да нема ден да не сме имале некој гостин, што за нас е многу чудно“, признава Росет.

На фармата на која одгледуваат различни сорти на боровинки, бербата оваа година оди многу побрзо бидејќи посетителите сакаат да ги пробаат и да ги купат, а како што признава Кристин и периодот на берба е скратен, од шест на три недели.
Долгорочен тренд?
Стручњаците за рурален туризам тврдат дека ситуацијата не е ни малку невообичаена. Многу луѓе сакаат да побегнат од градот, да престојуваат во природа со домашни животни, да спијат на свеж воздух и едноставно да се опуштат.
– „Луѓето се повеќе сваќаат дека има прекрасни локации со разни интересни случувања и во овие предели и дека некои се дури веднаш пред нив. Можат да консумираат домашни производи, месо, млеко, јајца, овошје и зеленчук, а некои можат да ги купат и да ги однесат дома“, објаснува за Modern Farmer, Ким Сиско, претседател на Меѓународното задружение на земјоделци NAFDMA.
Економистите за земјоделство кои го следат зголемениот тренд на руралниот туризам во текот на пандемијата, велат дека тој би можел да стане долгорочен.

Дон Тилмани, професор по економија на земјоделство и ресурси, на Државниот универзитет Колорадо, вели дека е многу веројатно дека луѓето ќе продолжат да ги користат предностите на селскиот туризам се додека патувањата на некои ексклузивни места се ограничени. Тој смета дека дополнителен интерес би можела да поттикне локалната храна и продажбата на домашно овошје и зеленчук бидејќи се повеќе луѓе ги поддржуваат малите и средни земјоделски претпријатија во своето подрачје.

– “Секако тоа зависи и од самите производители, нивните капацитети и самиот интерес. Моментално се поставува прашањето дали руралниот туризам е меѓу трендовите кои би требало да опстанат “, вели Тилмани.
Извор: Агроклуб
