Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во светот и понатаму расте побарувачката за портокали, шпанските и африканските се најбарани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Во светот и понатаму расте побарувачката за портокали, шпанските и африканските се најбарани
ПазариРастително производство

Во светот и понатаму расте побарувачката за портокали, шпанските и африканските се најбарани

Објавено 23/07/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Побарувачката за портокали во Европа и понатаму е доста голема, со оглед на сезонското овошје кое може да се најде во продавниците, а тоа пак се одразува на нивната цена. Главни извозници на портокали се Јужна Африка, Шпанија,Чиле и Австралија.

Последните портокали што стигнаа на пазарите во некои делови на Германија и Франција кон крајот на јуни, се од Египет. Исто така, многу ги има и оние кои доаѓаат од Шпанија и Валенсија, но нивната цена е многу поголема.

Во Германија и Франција побарувачката е голема, но цените се високи

– „Вирусот не натера да јадеме повеќе овошје богато со витамини. Очигледно родот во Шпанија беше помал па затоа и цените се нешто поголеми. Голема е побарувачката и за сокови“, изјавил еден потрошувач за Fresh Plazа.

Што се однесува до Италија, на Сицилија бербата завршила кон средината на јули, а количините се поголеми во однос на минатата година. Голем број производители тврдат дека продажбата им е речиси непроменета.

Извозот исто така е добар, а најголема побарувачка имале скандинавските земји, каде угледот на сицилијанските портокали од година во година е се подобар.

Шпанскиот извоз е во пораст

И покрај намалената берба за 15-20%  и прекуокеанската трговија, овогодишниот извоз од Шпанија е многу задоволувачки. „Побарувачката од Андалузија е зголемена за 10% aко ја гледаме количината, а за 17% ако ја следиме вредноста“, вели еден производител.

Во март, кога корона вирусот одекна ширум светот, тамошните извозници забележале најдобри резултати за цитрусите. Од друга страна, работите беа многу потешки за трговците, бидејќи маржите им биле многу мали и покрај високите цени.

Моментално стравуваат од можните увозни царини кои Велика Британија би можела да ги воведе и така да го загрози пазарот. Инаку, Шпанија минатата година имала извоз од 82.400 тони пороткали во оваа земја, а губењето на пазарот би им користел на земји како Мароко, Тунис и Египет чии портокали конечно би се нашле во понудата на британските продавници.  

Во САД, најмногу портокали има од Африка и Чиле

Овогодинешната сезона на Флорида, во Мексико и дел од Калифорнија речиси е завршена. Поради корона вирусот, побарувачката била многу голема и како резултат на тоа, домашните портокали брзо исчезнале од продавниците. Увозот сега главно доаѓа од Јужна Африка и Чиле, а цените се нешто повисоки.

Што се однесува до Африка, како резултат на големата побарувачка, извозот е зголемен во однос на претходната година, а забележан е пад само во југоисточна Азија. Моментално, главен проблем на производителите и извозниците претставува бавната логистика и пратките заостанати во пристаништата. 

Чиле до крајот на минатата недела испорачал 29.995 тони портокали, ширум светот, од кои 28.638 тони биле наменети за САД. Благодарение на короната, продажбата се зголемила за  47,6% во однос на 2019 година.  

Австралија: Нова сорта на портокали

Австралија моментално е во зимска сезона. Истражувањето кое го спроведе компанијата Citrus Australia покажа дека сушата довела до производство на поблаго и посочно овошје, за разлика од минатата година. Количините се помали отколку ланската година, но со многу подобар и здрав род. Неодамна е претставена и новата сорта која е пласирана на австралискиот домашен пазар.

Според последните податоци , количината на австралиското производство останала стабилна, со зголемување од 1% и изнесува 528.095 тони. Истовремено, вредноста пораснала за 7%, достигнувајќи 244,6 милиони евра. Количините на извоз се намалиле за 1%, на 188.056 тони, но вредноста пораснала за 10% и изнесува 189 милиони евра. Кина им била главниот пазар со 33% од вкупниот извоз. На второ место е Јапонија со 18%.

Во Кина се намали продажбата на цитрусно овошје

Поради влијанието на неколку главни случувања, како што е трговската војна меѓу Кина и САД и поради кризата која следуваше после корона вирусот, состојбата во Кина со увозот на цитрусно овошје не е толку добра како претходните години. Иако пазарот сега постепено се опоравува, пратките заостануваат.

Поради фактот дека многу прехранбени услуги и угостителски компании мораа да ги затворат своите врати во текот на кризата, количината на увоз на египетски портокали која се користеше за сокови драстично се намали. Овошјето кое веќе е пристигнато на пазарот тешко се продава, па во кинеските пристаништа само се трупаат пратките, тврдат извозниците.

Извор: Agroclub

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:африкански портокализголенема побарувачкапобарувачка во светотпортокалишпански портокали
Претходен напис ЕУ мора да ја унапреди положбата на сезонските работници кои доаѓаат од сиромашните земји
Следен напис Кризата го популаризира руралниот туризам, се повеќе луѓе се заинтересирани за одмор во село
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?