Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Очекувам да бидат донесени законски измени за воведување еколошка такса
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Очекувам да бидат донесени законски измени за воведување еколошка такса
Агровести

Битиќи: Очекувам да бидат донесени законски измени за воведување еколошка такса

Објавено 28/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се надева дека опозициските и сите останати пратеници во најбрзо време ќе ги донесат потребните законски измени за воведување на зелена еколошка такса.

– Дали тоа ќе биде за 15 дена или за еден месец, можеби е работа на денови, но мислам дека ќе бидат донесени и не верувам дека ќе се случи спротивното. Денеска видовме одличен систем кој дава слика колкав е диспаритетот во нашата земја меѓу регионите. Како земја, да имавме претходно доблест и разум, денеска немаше да зборуваме за 0,25 отсто инвестирање во регионите од БДП, туку ќе зборувавме за над еден отсто. Но, бидејќи тоа го немаме, ќе повикам на разум за еколошката такса затоа што значи инвестирање за нашите граѓани, а не инвестирање во што било – рече Битиќи во одговор на новинарско прашање по презентацијата на проектот Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој (Си Ре Ра).

Според него, ако сакаме да живееме во подобро утре во кое ќе имаме позитивно влијание и подобар живот за сите граѓани, битен е секој денар, а токму еколошката такса е еден од изворите на финансирање на проектите што се од значење за граѓаните.

Битиќи посочи дека граѓаните сами ќе си кажат кој е планот „б“, доколку ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива го блокираат носењето на еколошката такса.

Во одговор на прашање за новата цена на електричната енергија што за два дена треба да ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Битиќи рече дека очекува да нема зголемување поради фактот што ЕСМ понуди пониска цена од седум отсто во споредба со ланската.

– Сепак да почекаме уште некој ден пред РКЕ да го даде конечниот став – посочи Битиќи.

Владата неодамна до Собранието го достави предлогот за воведување на зелена еколошка такса од 3,5 денари по продаден литар за нафтените деривати. Се очекува таксата да биде воведена од 1 јули годинава и на годишно ниво во Буџетот да се влеваат околу 50 милиони евра, кои ќе бидат искористени за инвестиции во заштита на животната средина и енергетска транзиција која предвидува замена на фосилните извори на електрична енергија со обновливи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Битиќиеколошка такса
Претходен напис Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последните 2,5 години
Следен напис „Кралот на пиперките“ од утро до мрак на нива: Често сум валкан и со кал и прашина, но сам сум свој газда
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?