Неодамна на Агротим имавме мини анкета кај земјоделските производители да издвојат откупувачи во кои имаат најголема доверба, агробизнисмени кои се коректни, почитуваат договори, висина на откупна цена и плаќање како и поддршка во текот на производството.
Убедливо најмногу позитивни коментари имаше за компанија З – Пласт од село Муртино и директорот Ване Заев.
Доволна причина за посета на компанијата и нејзино претставување во јавност. Редно е да ги запознаеме агробизнисмените за кои земјоделците имаат добро мислење и се вистински партнери во нивното производство.
-Нашата семејна компанија З-Пласт Доо е основана во 1990 година, како трговска компанија за овошје и зеленчук. Се наоѓаме во село Муртино, во регионот на Струмица-С.Македонија 50 км оддалечени од бугарската и грчката граница. Нашата компанија е лоцирана во подножјето на планината Беласица, област опкружена со плодна почва која изобилува со чиста изворска вода. Јас како генерален менаџер, компанијата ја превземам целосно под моја контрола во 2012/13 година. После две години од моето раководење се разбира со Божји благослов и огромна помош на нашите вработени вметнуваме секаков вид на репро материјали што се потребни за нашите земјоделци и на тој начин се’ што им е потребно за комплетното земјоделско производство го имаат на едно место – вели Заев за Агротим.
Од земјоделските производи најмногу откупуваат црвена пиперка и зелка, но и други култури како компир, лубеница, диња, јапонско јаболко…
– Во нашиот регион нај застапена е црвената куртовска капија (ајварка) која се троши претежно за нашите преработувачки капацитети но имаме извоз во соседните држави: Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска, БиХ. Пролетната зелка е број два артикал кој 90% оди за извоз и тоа претежно на Европските пазари: Полска, Украина, Шветска, Романија, Литванија, Естонија и др земји. Останатите производи – блага пиперка, лута пиперка, домати, корнишони, цвекло, модар патлиџан, лубеница, дињи, јапонско јаболки, компир се застапни но во помали количини – вели Заев.
За довербата со земјоделските производители вели дека е голема, благодарение на почитта која ја имаат кон нивната работа и труд. Работењето на З- Пласт е типично Договорно производство за кое се залага Агротим.
-Довербата со земјоделците е огромна, затоа што ние имаме подеднаква почит спрема секого без разлика на националност или вера. Обезбедуваме авансирање во секаков вид семенски материјал, секаков вид заштита за нивните растенија, комплетна понуда на вештачки и органски ѓубрива, основни и системски, фолија, системи за наводнување и се она што им е потребно за нивното производство.
Во З – ПЛАСТ репроматеријалите претежно ги набавуваме со директен увоз од високо рангирани производители. Се разбира и најважното навремена исплата на нивниот драгоцен труд! Нашето мото е секогаш да го изберат нај доброто за нивните пари – изјави Заев.
Зборувавме и за нивните планови за иднина, за идеи како да се зголеми домашното производство на храна и да се мотивираат младите повеќе да се занимаваат со земјоделско производство.
-Планови за во иднина имаме доста, еден од нив е поголема подршка за укрупнување и зголемување на производтството и површините, со тоа ќе добиеме изедначен квалитет и уште поголем принос и интерес од Европските пазари. Другите планови засега ќе останат во тајност. Важно е дека работиме на тоа да го зголемиме домашното производство на храна и да помогнеме на нашето стопанство. Исто така имаме и друга фирма МАК – ИТАПЛАСТ, единствен производствен погон во Македонија, специјализиран за ПП Конец со најголем дневен капацитет на Балканот, 90% од производството е за извоз – изјави Заев.
Претставувањето го завршуваме со изјавата за неговиот приватен живот.
-Сопруг сум, родител на две прекрасни девојчиња. Спортот ми е омилено хоби, обожавам да посетувам планини и секаков вид на спортски натпревари. Дружењето со мојата фамилија, другарите и пријателите се драгоцени моменти кои релаксираат и ме полнат со енергија за новите професионални ангажмани – вели овој млад човек кој со својата скромност и делување ја покажува новата генерација на стопанственици кои се потребни на земјоделците и на оваа држава.
–