Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои се ОТКУПУВАЧИТЕ на земјоделски производи во кои земјоделците имаат најголема доверба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Кои се ОТКУПУВАЧИТЕ на земјоделски производи во кои земјоделците имаат најголема доверба
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Кои се ОТКУПУВАЧИТЕ на земјоделски производи во кои земјоделците имаат најголема доверба

Објавено 08/12/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пласманот на земјоделските производи е тема број еден кога станува збор за земјоделско производство. Во јавност преовладува мислењето дека откупувачите или трговците се една од алките во вкупниот аграр најповикани за проблемите кои настануваат со пласманот и за незадоволството на производителите.

Сме слушале многу негативни коментари адресирани до нив, но како и во секоја работа или бизнис, погрешно е сите да се стават во ист кош, кога знаеме дека меѓу нив има професионалци и вистински партнери на земјоделците.

Оваа тема околу релацијата меѓу земјоделците и откупувачите, ќе станува се’ поактуелна со годините што доаѓаат затоа што новото време диктира еден организиран и професионален пристап со пласманот на земјоделското производство. Стихијност во производството ќе биде минато, односно секој земјоделец пред да сее или сади ќе мора да знае на кого и по која загарантирана минимална цена ќе го продаде родот. Ова се основите на ДОГОВОРНОТО ПРОИЗВОДСТВО, каде двете страни се сигурни, едните во сигурниот пласман, другите во сигурната суровина или роба.

Затоа деновиве ги прашавме земјоделците да издвојат фирма или личност во која имаат најголема доверба, со кого соработуваат на професионален начин, платено на време по пазарни цени. Уште ако им помага со авансирање на производство во тој случај зборуваме за системот – договорно производство.

Еве кои фирмите досега добија најмногу пофални зборови за СОРАБОТКАТА и ИСПЛАТАТА на производите од земјоделците, читатели на Агротим.

Прва фирма, со најмногу позитивни коментари е З – ПЛАСТ од село Муртино.

„З – ПЛАСТ “- Семејна компанија основана во 1990 година, како трговска компанија за овошје и зеленчук. Се наоѓа во Муртино, во регионот на Струмица.

„ УНИ АГРО“ – Велес , Компанијата УНИ АГРО ДОО основана во 2012 година почнува со производство и промет на семенски материјали, житарици, мешана сточна храна, додатоци за сточна храна, храна за миленици, одгледување на свињи и свежо свинско месо.

„ТОМА РАДОВО“ – Тома- Радово врши откуп на земјоделски производи (зеленчук и овошје) кое го приготвува за извоз на повеќе странски пазари, но најмногу во Русија, Белорусија, Србија и Бугарија.

„ЕВОРА КОМЕРЦ“ – село Обршани Кривогаштани – Фирмата годишно откупува  над 4 000 000   килограми пиперка и 1 000 000  килограми пченица на земјоделците низ цела Пелагонија. Пред почетокот на откупот се склучуваат договори со над 1000 комитенти.

НЕЛКОСКИ ОРГАНИК ФУД Дооел с.Драслајца Струга www.zaumorganic.com Откуп на лешник со над 60 кооперанти.

„ПЕЦА – КОМЕРЦ“ ДООЕЛ Кавадарци – откуп на грозје , редовна исплата

„КРИСТАЛ 1923“ – Велес – откуп на сончоглед

„АГРО ГЛОБАЛ“– Скопје

„БАЏО ДООЕЛ“ – Богданци

„БЛАМЕЈА“ -БИТОЛА– Откуп на градинарски производи вклучувајќи:Пиперка, индустриски домат, цвекло. и откуп на житни култури – пченка,  пченица и јачмен.

„КЛАНИЦА ВАСИЛЕВИ“ – Струмички регион.

МЛЕКАРА „БУЧЕН КОЗЈАК “- Куманово

,, АДО 95 “ – Росоман

„ОРЕ ПРОМ“ – Просениково, Струмица

Списокот не е конечен, може да информираме и за други компании и личности по препорака на земјоделците.


Може да ви се допадне

Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Таг:договорно производствоземјоделцикомпанииоткупфирми
Претходен напис Џон Дир најави нов бран отпуштања во својата најголема фабрика
Следен напис Променливо облачно, магла по котлините и услови за слаб локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?