Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Компанијата КАМ: Практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на зеленчукот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Компанијата КАМ: Практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на зеленчукот
Агровести

Компанијата КАМ: Практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на зеленчукот

Објавено 06/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По забраната за промет на замрзнатиот зеленчуков микс „Сани фантази – Царски микс“ од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради сомнеж за физичка контаминација (присуство глушец), се огласи и увезникот КАМ ДООЕЛ. Соопштението на познатите КАМ маркети ви го пренесуваме во целост:

-Компанијата КАМ, која својата доверба посветено ја гради повеќе од две децении кај домашните и потрошувачите во регионот, соработува исклучиво со домашни и странски производители и дистрибутери на храна кои ги поседуваат современите сертификати за квалитет IFS, HACCP, ISO 9001, ISO 22000. На оваа основа секторот за Контрола на квалитет во нашата компанија континуирано ја контролира исправноста на производите, протокот на производите, ладниот ланец и секогаш во повеќекратно поголем обем од законски предвидените. Таков е случајот и со производите од предметниот производител кој во изминато тримесечје оваа година е контролиран 3 (три) пати.

Непосредно по објавувањето на информацијата, согласно процедурите на компанијата, важечките закони и стандарди во насока на заштита на интересите на своите потрошувачи KAM веднаш отпочна постапка за испитување на случајот и негово расветлување, а предметниот производ е во целост повлечен од сите наши маркети до разрешница на предметот со соодветен акт од страна на надлежните инспекциски органи.

Компанијата КАМ по повод овој случај веднаш се обрати и до производителот кој исто така подлежи на постојан надзор од националните служби за исправност на храната во Република Србија и произведува согласно посочените стандарди кои го штитат здравјето на потрошувачите.

Компанијата КАМ, по остварената комуникација со реномираниот производител на замрзнати производи беше известена дека согласно воспоставените европски контролни системи практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на производот имајќи го во предвид строго контролираниот тек на процесот на производство и поради тоа останува отворен за официјална истрага базирана на документите од надлежните инспекциски органи во нашата држава.

Во оваа насока, со цел доследно документирање и професионално обработување на овој случај КАМ ги повика надлежните инспекциски служби да ја проверат информацијата и транспарентно во интерес на вистината, случајот да се истражи до крај.

По утвдувањето на фактичката состојба ќе може да се преземат соодветните законски мерки со цел правилно информирање на јавноста, заштита на интересите на потрошувачите, но и интересите на засегнатите компании и пред се зачувување на искрено воспоставената доверба спрема маркетите на нашата компанија, стои во соопштението.

Агенцијата за храна и ветеринарство го повлече производот од сите продавници во земјава. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Бабовски, потенцира дека АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори, односно ќе се испратат примероци на овој производ во лабораторија за да се утврди квалитетот на истиот.

По наредба на АХВ повлечен спорниот замрзнат зеленчуков микс од КАМ маркетите

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:кам маркет
Претходен напис Од вечерва нов бран врнежи во Македонија
Следен напис Производство на кромид на отворено поле – Обрнете внимание на земјиштето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?