Кромидот на отворено поле може да се сее, сади, после четири – пет години, бидејќи паразитните габи, кои предизвикуваат скапување, остануваат долго активни во земјиштето чие уништување е тешко успешно да се изведе.
Избор на предпосев
Како предпосеви можат да дојдат предвид: зелка, пиперки, домати, компир, грашок и боранија, а од поледелските посеви пред сè пченица и јачмен.
Обработка на земјиштето
Веднаш по отстранување на предпосевите, ако е август или септември, земјиштето прво еднаш плитко се ора на длабочина до 20 см, а во октомври или ноември, длабоко на 35-40 см. Доколку предпосевот доцна се вади (октомври-ноември) тогаш земјиштето само еднаш се ора на длабочина од 35-40 см.
Во пролет, штом дозволат временските прилики, земјиштето треба да се подготвува површински. Ако се планира производство на рамни површини, подготовката може да се изведе со сеидбоподготвувач. Пред површинската обработка на земјиштето треба да се истретира со некои добри средства против плевел (не е задолжителна мерка).
Ако се планира производство на издигнати леи, тогаш наесен можат да се подготват груби леи, а напролет тие дополнително површински се подготвуваат и заобиколуваат. Таа операција се изведува со специјални машини кои истовремено извршуваат повеќе мерки: се третира земјиштето против плевел, се растураат минерални ѓубрива, се меша површински слој на земјиштето, се формираат леи и се врши сеидба.
Земјиштето за сеидба на семето на кромидот мора да биде беспрекорно подготвено, бидејќи скоро да нема зеленчук кој е почувствителен на условите на никнување отколку што е лукот.
Ѓубрење на кромидот
Земјиштето за производство на кромид не се ѓубри со шталско ѓубре, туку само со минерални ѓубрива. Потребите во хранливите материи за овој растителен вид по хектар се движат: 100-120 кг азот, 80-100 кг фосфор и 120-140 кг калиум.
Минералните ѓубрива треба да се внесат на следниот начин: 2/3 фосфорни и калиумови ѓубрива се внесуваат под основна обработка на земјиштето, остатокот фосфорни и калиумови и ½ азотни под површинска подготовка. Другата половина на азотни ѓубрива се дава како прихрана.
