Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По наредба на АХВ повлечен спорниот замрзнат зеленчуков микс од КАМ маркетите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По наредба на АХВ повлечен спорниот замрзнат зеленчуков микс од КАМ маркетите
Агровести

По наредба на АХВ повлечен спорниот замрзнат зеленчуков микс од КАМ маркетите

Објавено 05/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата апелира, доколку потрошувачите купиле ваков производ, пред консумација внимателно да го отворат и прегледаат, а ако утврдат присуство на страни тела, да го вратат на местото на купување и за тоа да ја известат АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за промет на замрзнатиот зеленчуков микс „Сани фантази – Царски микс“ по потекло од Република Србија, увезен од КАМ ДООЕЛ, поради сомнеж за физичка контаминација (присуство глушец) и нареди негово повлекување од рафтовите на КАМ маркетите на цела територија на државава.

Како што соопшти АХВ, издадена е наредба на операторот со храна да изврши сопствена проверка на секоја серија/лот од овој производ во сите маркети каде што е пласиран.

-АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори и ќе провери дали пласираните количини од овој производ се повлечени од малопродажната мрежа. Извршени ќе бидат и органолептички прегледи на одредени примероци, од секоја серијалот на овој производ. Примероци за контрола на микробиолошките критериуми за безбедност на производот ќе бидат испратени за лабораториско испитување – нагласи директорот на АХВ, Николче Бабовски.

За случајот кој беше објавен викендов на социјалните мрежи, до Агенцијата не е поднесена претставка.

-Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме ваквите случаи место на социјалните мрежи, да се пријавуваат кај надлежните институции. Ги потсетуваме граѓаните дека секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната можат да ја пријават до Агенцијата за храна и ветеринарство, лично, писмено, електронски на [email protected] и на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 – наведува АХВ.

https://www.facebook.com/culakoski/posts/4629803163701430

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кам маркет
Претходен напис Бачовски: Тутунопроизводителите субвенции ќе земат во мај месец
Следен напис Дали ќе поскапи свинското месо ако Македонија добие можност за извоз на пазарите во ЕУ?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?