Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои се предлозите на Владата за нови членови на ОД на Македонски телеком
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кои се предлозите на Владата за нови членови на ОД на Македонски телеком
Агровести

Кои се предлозите на Владата за нови членови на ОД на Македонски телеком

Објавено 26/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонски Телеком информира дека ги добила предлозите на владата за нови членови на Одборот на директори.

Како што е наведено на официјалната страница на Македонската берза предложени се: Сашо Димитријоски, Иван Митровски, Марин Алексов, Даниела Кржовска, Нусрет Зиба и Сеад Арслани. Сите членови предложени од владата се неизвршни членови на Одборот на директори. Еден од нив, според статутот на компанијата се бира за претседател на Одборот на директори.

Димитријоски е Магистер по телекомуникациски системи и технологии. Членува во повеќе професионални меѓународни организации и тела. Тој е основач на компанијата „Гран Фондо“, која обезбедува најсовремени решенија и услуги за мерење на време на спортски настани.

Митровски е заменик градоначалник на општина Кисела Вода и магистер по Бизнис и администрација.

Алексов има завршено Факултет за безбедност и безбедносни науки. Тој е актуелен член на Надзорниот одбор во Државна лотарија.

Кржовска е електротехнички инженер и има 22-годишно искуство во областа на маркетинг, развој на бизнисот и ИТ на телекомуникациските услуги. Вработена е во Телеком и била раководител за маркетинг на производи – Македонски Телеком.

Зиба е професор по англиски јазик, но има и приватна фирма.

Сеад Арслани има завршено Економски факултет – отсек финансии и маркетинг и е актуелен советник во општина Бутел. Работел во повеќе јавни установи и министерства.

Тие ќе ги заменат досегашните владини претставници во Телеком: Игор Милев, Нина Ангеловска, Бардул Насуфи, Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу.

Изборот на новите членови и отповикувањето на старите членови на Одборот на директори предложени од владата ќе се изврши на 30 мај.

Мандатот на членовите на Одборот на директори е четири години.

Одборот на директори управува со Друштвото и се состои од 14  членови, од кои 13 се неизвршни членови, 1 е извршен член кој го носи називот Главен извршен директор и 4 од неизвршните членови се независни членови на Одборот на директори. Владата предлага 6 неизвршни членови од кои се избира претседател на Одборот на директори.

Владата поседува 34,81% од акциите на компанијата, вклучително и таканаречената златна акција со право на вето.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ВладатаМакедонски телекомПредлозите
Претходен напис Се намалуваат цените на бензините и дизелот
Следен напис МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?