Кромидот се произведува на неколку начини. Најчесто се одгледува од арпаџик. Може да се сади во есен и пролет.
Есенско садење – на крајот на октомври, дава 20-30% поголем принос!
Пролетното садење често се одложува поради лошите временски услови. Додека градинарите напролет чекаат да се исуши почвата и да се направи подготовка за садење, есенскиот кромид не губи време – расте и се развива за да пристигне еден месец порано.
Најрано стигнува кромидот од големи главици. Таквите главици се засадуваат подлабоко, 10-15 см, за да се развие долго, бело, „лажно“ стебло, слично на празот.
Домаќинките често ги кршат перцата на младиот кромид при пазарење, за да не им излегуваат од торбите. Тоа е погрешно, бидејќи перцата се похранливи од главицита. Белиот дел од кромидот е посладок, содржи повеќе шеќер, а листовите повеќе минерали и витамини и лековити материи.
Кога главиците кромид ќе ви никнат во оставата, не треба да ги фрлате.
Засадете ги во земја. Од нив ќе израсне млад кромид, кој се „лупи“ и се користи во исхраната. Секако, треба да се бере пред да се појават цветовите.
НА ТЕРАСА
Доколку немате градина, млад кромид може да одгледувате и на тераса. Наредете ги главиците една до друга и натопете ги. Брзо ќе никнат. Овој млад кромид е чист, а похранлив е бидејќи содржи повеќе витамини. Новиот живот се активира со биохемиски процеси кои ја зголемуваат содржината на органски киселини, витамини, хлорофил – сето тоа се базира на резервни материи во главицата.
Извор: agrosavjet.com
