Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на пченката највисоки во последните 10 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Цените на пченката највисоки во последните 10 години
Пазари

Цените на пченката највисоки во последните 10 години

Објавено 21/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Котациите за житарки на берзата во Чикаго пораснале за два до три проценти. Таму оваа недела започна со значително зголемување на цените.

Цената на пченицата во мајскиот договор се зголемила за 2,2 отсто и изнесува 411,71 американски долари/тон. Во однос на минатата година, котациите се зголемени за 71,4 отсто. Цената на пченката во договорот за испорака во мај пораснала за 2,9 отсто на 320,16 американски долари/тон, што е за 37,8 отсто повеќе минатата година. Сега е достигната највисоката цена од август 2012 година, наведува Фармер.

Цените продолжуваат да растат

Цената на пченицата пред Велигден пораснала над 400 евра и продолжува да расте, како и цените на пченката, јачменот и маслодајната репка. Додека аналитичарите стравуваат дека ќе има недостиг на житарки поради војната во Украина, увозниците купуваат се што се нуди на пазарот, пренесува Агрархеуте.

Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека светот влегува во многу опасна ситуација кога е во прашање трговијата со житарки.

Поради велигденските празници во Европа не се тргуваше. На американскиот и на светскиот пазар цените на житарките нагло пораснаа во понеделникот, а трендот продолжи и во вторник. Цените на пченката во САД достигнаа највисоко ниво во последните десет години, поради неповолните временски услови (суша) во САД и Јужна Америка и стагнацијата на извозот од Црното Море.

Според извештајот на американското Министерство за земјоделство (USDA), сеидбата на пченка беше завршена со четири проценти минатата недела, што е под петгодишниот просек од шест проценти.

Соопштено е дека 30 отсто од резервите на зимска пченица во САД се во добра до одлична состојба. Повеќе од две третини од родот беше во областа погодена од суша.

Извозот на украинска пченица е оневозможен

Извозот на житарки од црноморските пристаништа е речиси целосно запрен и тоа дополнително ги зголемува цените. Украина извезуваше пет милиони тони жито месечно, а во складиштата останале 20 милиони тони минатогодишно жито, кои не можеа да се извезат оваа пролет. Проблемот се решава со транспорт реку копно, со железница и транспорт преку пристаништата на Дунав, што не е доволно.

Голем проблем е и задржувањето на вагоните на граничните премини.

Проценки на Монетарниот фонд

ММФ ќе ги намали проценките за глобален раст за 2022 и 2023 година бидејќи војната во Украина ги зголемува цените на храната и енергијата и врши дополнителен притисок врз и онака кревките економии, изјави директорката на ММФ Кристалина Георгиева.

Очекуваниот раст е намален, иако повеќето земји ќе продолжат да одржуваат позитивен тренд, рече Георгиева. Таа најави дека новите прогнози ќе бидат објавени на пролетниот состанок на ММФ и Светска банка.

„Во економска смисла, растот падна, а инфлацијата се зголеми. Во човечка смисла, приходите паднаа, а сиромаштијата се зголеми“, коментира таа.

Може да ви се допадне

Цените на пченицата и пченката растат: Еве што стои зад тоа и што да очекувате
Светското производство на жито на рекордно ниво: Што се очекува од пченицата во 2026 година?
Спремете се за претстојната сезона: ВАКУМСКА СЕАЛКА ЗА ПЧЕНКА- OZDOKEN
Постојано достапна вода и повеќе пченка – Исхрана на живината во зима
Постојано достапна вода и повеќе пченка – Исхрана на живината во зима
Таг:берзапченка
Претходен напис Времето денеска облачно со повремен локален дожд
Следен напис Кога главиците кромид ќе никнат, не треба да ги фрлате – засадете ги и уживајте во младиот кромид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?