Од сеидбата до бербата на грашокот, обично поминуваат 60 дена. Грашокот мора да се собере на време, кога мешунките се полни, сјајно зелени, бидејќи тогаш зрната се млади, сочни и мирисни кога ќе се сварат. Ако за неколку дена се пропушти бербата на мешунките, тие стануваат посветли, рапави, а плодовите веќе не се така слатки. Тогаш добро е да се остават потполно да созреат – потполно да избледеат и да се исушат и тој грашок се користи како семе за следната година.

Кога се бере грашокот
Консумниот грашок се бере во т.н. технолошка зрелост кога содржината на шеќер се движи околу 5%, а скробот околу 7%. Самата фаза на дозревање на грашокот не трае долго и за две недели имаме главна берба. За почеток неколку дена се берат недозреаните мешунки и веднаш после тоа повеќето созреваат, а подоцна некоја мешунка може и да процветува. Најчесто користен метод за одредување на моментот на берба е механичка, односно зрното се притиска со помош на направа наречена тендерометар со што всушност се одредува отпорот на зрното.


Бербата мора да се изврши во што пократок рок. Доволно е бербата да доцни 2-3 часа, кога се големи жештини, па да се намали квалитетот на зрното. Зрното грашок мора да биде преработено за 2-3 часа, што е условено со големата содржина на влага и високата содржина на протеини.
Високи температури
Во времето кога се бере грашокот обично температурите се високи, што дополнително ги забрзува непожелните промени, меѓу кои најзначајни се трансформација на шеќерот во скроб, со што расте цврстината на зрното. Собраниот грашок наменет за продажба исто така мора да биде во што пократок период донесен до продажното место поради продолжување на зреењето. Најлесно се чисти идеално зрелиот грашок, а ако е премногу зрел тогаш зрната се силно стиснати внатре во мешунката. Во тој случај не се отвара целата мешунка туку поради големината на грашокот се кине.

Се препорачува грашокот да се коси а не да се корне, поради задебелувањата на коренот кои ја збогатуваат земјата со азот, што повторно зависи од културата која ја сееме како дополнителна.
Извор: zdravasrbija.com
