Иако голем број земји не можат да се пофалат со добри приноси на црешите оваа година, Белгија е во предност, а бербaта исто така таму започна многу порано.
На европскиот пазар на почетокот на мај недостигаа цреши и тоа најмногу поради временските услови во производствените подрачја на Португалија, Италија, Франција и Шпанија, а сега изгледа дека состојбата се подобрува па поедини земји се задоволни со своите приноси.
Една од нив е Белгија, каде што бербата започна нешто порано од вообичаеното, а судејќи по големата побарувачка на домашните, но и на странските купувачи, оваа година би можела да биде многу добра.
Стравуваат од обилни дождови
„Се чини дека одгледувањето на цреши напредува. Тргнавме со берба пет до десет дена порано. Раните сорти се продадоа многу брзо, а со подоцните започнавме минатата недела. Ние производителите сме многу оптимистични особено кога слушаме дека нашите плодови се барани и во странство па дури и во прекуокеанските земји“, изјавила Карел Белманс од “Belgische Fruitveiling”. Таа признава и дека моментално единствен страв претставува најавениот обилен дожд кој би можел да предизвика пукање на плодовите.
Иако во Белгија, одгледувањето на цреши е концентрирано на одрeдени подрачја, сепак постои фокус на култивираното производство.
„Внимателно го следиме развојот на новите сорти бидејќи сакаме да напредуваме. Сортата Рана Самба која кај нас најмногу се произведува е висококвалитетна, меѓутоа е многу тешка за одгледување. Мислам дека би можеле да имаме 40% покриено производство ако цените тоа го дозволат. На крајот на краиштата, како што веќе напоменав, оваа сорта многу чини“, напоменува Карел.
Во Германија сепак има пониски приноси и тоа за 11%
Германските овоштари сепак очекуваат нешто пониски приноси во однос на 2019 година. Врз основа на првата проценка на Сојзуниот завод за статистика (Destatis) се очекува вкупната количина на собрани цреши да изнесува 53.500 тони што би било намалување за 11% во однос на минатата година, а како главна причина го наведуваат доцниот мраз и сушната пролет.
И покрај падот, се очекува приносите на цреша да бидат 12% над десетгодишниот просек од 47.800 тони.
Извор: Аgroklub.rs