Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кога да се изврши варосувањето на стеблата на овошките?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Кога да се изврши варосувањето на стеблата на овошките?
Агровест

Кога да се изврши варосувањето на стеблата на овошките?

Последна измена: 24/10/2024 12:10
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Варосувањето на стеблата на овошките е стар и ефикасен метод, кој е најдобро да се направи пред првиот снег, а доколку не сте го направиле дотогаш, направете го што е можно порано напролет. Се врши кога температурите не осцилираат во големи вредности. Оваа постапка има свои поддржувачи, но и противници. Се покажала како исклучително важна за овошните видови и сорти кои започнуваат да цутат во рана пролет и чии пупки и цветови страдаат од доцниот мраз.

Белата површина на стеблото ги одбива сончевите зраци и стеблото побавно се загрева. Ова резултира со подоцнежно движење на растителните сокови од растенија за четири до осум дена и стеблото може да ги избегне доцните мразови. Оваа мерка ја намалува појавата на болести, бидејќи многу штетни инсекти ги полагаат јајцата на површината на кората или ларвите се кријат во неа. Редовното варосување ќе го продолжи животниот век на стеблата и ќе го подобри нивниот имунитет. Индиректно ќе се зголеми и родот.

Самото варосување треба да се направи кога температурата е околу 5ºC, а стеблото треба добро да се премачка со варова маса. Потребни се сончеви денови за дождот да не ја измие нанесената маса од вар.

Варосување на млади стебла

При подготовка на смесата потребно е да се знае дека концентрацијата за варосување на млади овошни дрвја е помала. Рецептот со глина, говедско ѓубриво и бакар сулфат му овозможува на стеблото дишење преку кората.

Ќе ви бидат потребни: 2 до 2,5 кг вар, 0,25 до 0,3 кг бакар сулфат, 1 кг масна глина, 1 до 2 лопати кравјо ѓубриво и 10 литри вода. Сите состојки се додаваат во водата и се убаво се меша во хомогена маса која треба да има конзистенција на павлака.

Основна маса

Постојат бројни рецепти за подготовка на варовната маса.

За основната ќе ви требаат: 5 кг вар, 0,5 кг кујнска сол, 0,25 кг сулфур и 15 л вода. Во водата кујнската сол и сулфурот добро измешајте ги да добијат конзистенција на млеко и оставете ги да отстојат следните два до три дена.

Покрај нанесувањето со четка и валјак, оваа смеса може да се нанесе и со атомизатор кај малите овошни насади. За тоа е потребно да се дополни количината на вода до 100 l и течноста да се процеди за да не се затнат дизните на атомизерот.

Варово млеко

Најчесто се користи варово млеко. Тоа е петпроцентен раствор на калциум оксид во вода. За негова примена ќе ви бидат потребни 5 литри вода и 1 кг вар (се работи за гасена вар). Сè добро се меша и растворот е подготвен за употреба по 2 часа.

Ако го оставиме да одлежи, ќе добиеме прочистен дел, кој се нарекува варова вода. Количината на вар може да се зголеми најмногу до осум проценти. Секогаш мешајте ја само количината што ќе ја потрошите во текот на денот.

Може да ви се допадне

Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
„Дебела маќеница“ – Против чир на желудник, кожни заболувања и спортски повреди
До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
Претходен напис Како да се подготви компост од паднатите лисја?
Следен напис Што треба да се знае за нејзино правилно одгледување? – Тиквицата е високопрофитабилна во земјоделскиот бизнис
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?