Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија сака да ги заштити земјоделците: Размислува да воведе царини за увозот на овошје и зеленчук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Србија сака да ги заштити земјоделците: Размислува да воведе царини за увозот на овошје и зеленчук
Пазари

Србија сака да ги заштити земјоделците: Размислува да воведе царини за увозот на овошје и зеленчук

Објавено 03/04/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За да ги заштити домашните земјоделски производители, особено производителите на овошје и зеленчук, Србија планира да воведе доплнителни царини за увоз на овошје и зеленчук, пишува српскиот весник Вечерње новости.

Тоа би значело, дека фирмите ќе треба да плаќаат дополнителен надомест за увоз на овие стоки.  Меѓутоа, не е познато дали дополнителната давачка ќе се однесува на сите растителни производи или само на оние кои се произведуваат во земјата.

Министерот за земјоделство на Србија Бранислав Недимовиќ, изјави дека оваа одлука сè уште не е донесена, но голема е веројатноста таа да биде донесена во наредните неколку дена.

Српските земјоделци, а особено производителите на раноградинарски култури во овој период имаат големи проблеми со пласманот на сезонскиот зеленчук. Бидејќи државата ги затвори пазарите, пласманот на зелената салата, тиквичките, ротквиците, кромидот и другиот сезонски зеленлук до потрошувачите е тежок и скоро невозможен.

Некои експерти предвидуваат дека повеќе од 50% од овој зеленчук ќе пропаднат, бидејќи не може долго да стои, ниту пак има можност да се чува во ладилници.

„ Јас апсолутно сум за воведување дополнителни царини за увозот на овошје и зеленчук, доколку тоа овозможи да се заштити домашното производство и српскиот земјоделец”, вели Милан Простран, агроекономист .

Според неговите зборови сега е време кога овошјето и зеленчукот тешко стигнуваат на пазарите. И тоа што ќе стигне до трговските објекти е многу малку. Домашно овошје сеуште нема, па ваквите доплнителни прелевмани би имале смисла за увоз на јаболка и цреши. Сеуште е рано да се каже дали дополнителните такси би се однесувале и за лимоните, бананите и за останатото јужно овошје.

Воведувањето на прелевмани за увоз на одредени нема да биде првпат во Србија. Во 2015 година Србија воведе царински давачки за увозот на млеко, млечни производи и свионско месо со цел да ги спречи штетите на домашниот пазар кога на европскиот пазар се создадоа вишоци кои се извезуваа, а Србија сакаше да го заштити домашниот пазар. Кон крајот на 2016 година овие давачки беа укинати во најголем дел по притисок од страна на ЕУ.

Доколку Србија одлучи да воведе царини за увоз на земјоделски производи, можно е да се јават голем број на реакции од страна на мноду други земји бидејќи тоа би значел прекршување на веќе постојните договори за слободна трговија.

Може да ви се допадне

Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
Српските земјоделци ќе плаќаат гориво по пониски цени
Во Србија нема појава на птичји грип, соопшти Министерството за земјоделство
Словенија пронашла сорбинска киселина во суво овошје од Србија
Таг:Заштита на земјоделцитеовошје и зеленчуксрбијацарина за увоз
Претходен напис Менаџментот на Тутунски комбинат од Прилеп ќе зема минимална плата, разликата ќе биде донирана на сметката за солидарност за КОВИД 19
Следен напис Ќе се укине забраната за извоз на брашно, залихи има, мелничарите работат одлично
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?