Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Карела- горчлива диња, ги лечи и најопасните канцери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Карела- горчлива диња, ги лечи и најопасните канцери
Растително производство

Карела- горчлива диња, ги лечи и најопасните канцери

Последна измена: 16/10/2021 19:06
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Горката диња (Momordica charantia – карела) е од фамилија Cucurbitace и расте во тропските и суптропските подрачја на Средна и Јужна Америка, Африка и Азија. Се одгледува како храна и лек. Растението расте како лоза со долги расцепкани листови и жолти цветови и плодот изгледа како рапава тиква со издолжен облик и наликува на краставица. Младиот плод е зелен, а кога е зрел добива портокалово-жолта боја. Зрелиот плод пука на три дела и отпушта бројни црвени семки. Сите делови од растението се горки и погодни за консумација – лист, плод и семе. Незрелите плодови се многу добар извор на витамин Ц, калиум и фосфор.
Во кулинарството карелата може да се подготвува како варена, печена и пржена. Сушените листови се користат за чај.

karela1

Климатски и почвени услови
Најдобри приноси дава на хранливи и отцедни почви. За успешно одгледување на карелата е потребно 3-4 месеци без мраз.
Подготовка на почвата
Основната обработка на почвата изведена наесен треба да биде до 40 см длабочина. Напролет треба да се затвори браздата, да се направи подготовка за формирање на гредици. Пожелно е наводнување капка по капка.

karela2

Ѓубрење
Најсигурно, точно и рационално ѓубрење се одредува со почвена анализа. Во пролетната подготовка се ѓубри со 50 кг N, 100 кг P и 150 кг K за 1 хектар Italpollina ѓубрива. Секогаш треба да има на ум дека карелата бара ѓубрење согласно со ѓубрењето во производството на краставица. Ѓубрењето зависи од претходната култура и од резултатите од хемиската анализа на почвата. На лоши структурни почви потребна е употреба на шталско ѓубре или компост, но се препорачува и на сите останати почви ако постои можност. Одлични резултати се покажале со Italpollina органските ѓубрива и во текот на вегетацијата примена на фолијарна прихрана.

karela3

Садење
Карелата се одгледува од расад. На поле се сади околу 15 мај во континенталниот дел и околу 15 април, па дури и 15 март во медитеранскиот дел на Хрватска, под услови температурата на почвата да е повисока од 10ºС. Садењето е рачно или машинско. Се сади помеѓу столбовите на мрежа, со растојание во редот од половина метар. Садењето се изведува на подигнати гредици. Во плодоред карелата се сади на иста парцела по четири години.

Нега
Потребно е растенијата да се наводнуваат веднаш по пресадувањето и идните 7-10 дена. Подоцна во текот на одгледувањето треба да се продолжи со наводнувањето, но треба да се внимава да нема премногу влага, бидејќи преголемо количество вода во зоната на коренот значително го намалува приносот. Ако е потребно, плевелите може да се отстранат рачно и тоа 15-20 дена по садењето околу растенијата. Помеѓу редовите е дозволено третирање со хербициди или механичко отстранување.

karela4

Лековити својства на горчливата диња

Нова студија покажала дека сокот од горчлива диња, познато овошје во Азија и Африка значително го намалува растот на канцерогеното ткиво бидејќи го нарушува метаболизмот на гликоза во клетките од ракот, со што буквално ги изгладнува неговите клетки без шеќерот кој е основното гориво без кое не можат да преживеат.

Иако растението е познато по својата лековитост, повеќето здравствени бенефити (антивирусно дејство, антиоксидант, лек против дијабетес, антикарценогено својство), дури неодамна стана актуелни во западната медицина.

Оваа билка под латински назив Momordica charantia е посебно позната во Јапонија, поточно во Окинава, каде жителите се познати по својата долговечност.

Во последниве четири години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот.

Ефектот се забележува кај рак на дојка, простата, дебело црево, црн дроб, желудник, леукемија и др.

Најновата студија покажала дека сокот од горчлива диња дејствува цитоксично и на карциномот на панкреасот.

Сокот предизвикува програмирана клеточна смрт на канцерогените клетки (апоптоза) и што е уште поважно активира АМРК што е знак дека го онеспособува метаболизмот внатре во канцерогената клетка која потоа станува неспособна да се исхранува што резултира со нејзина смрт.

Може да ви се допадне

Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Боне Спасовски инвестира 55 000 евра во нов лозов насад со „Темјаника“ : Доста барана сорта, лани цената достигна 45 денари за килограм
Земјоделците јавуваат за ШТЕТИ од измрзнување кај расадот од ТУТУН
Oдгледување на две култури на иста нива: Кои се најдобри комбинации?
Таг:горчливаисхранакарелалекрак
Претходен напис Топла и долга есен предуслов за појава на штетни глодари во нивите
Следен напис Зошто вреди да си пчелар?!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?