Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Каква е ситуацијата со свињарството во светот? Во Кина расте бројот на свињи, но не и цената, во Полска 30 отсто помалку одгледувачи на свињи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Каква е ситуацијата со свињарството во светот? Во Кина расте бројот на свињи, но не и цената, во Полска 30 отсто помалку одгледувачи на свињи
Агровести

Каква е ситуацијата со свињарството во светот? Во Кина расте бројот на свињи, но не и цената, во Полска 30 отсто помалку одгледувачи на свињи

Објавено 20/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бројот на свињи расте, а цената опаѓа – така накратко може да се опише моменталната ситуација во Кина, која ги поддржува големи фарми, додека малите одгледувачи пропаѓаат. Нивниот увоз иако во пад, сѐ уште е висок, анализира Олаф Зинке за Агрархеуте.

Тој посочува дека производството на свинско месо во Кина се зголемило за речиси 30 отсто во 2021 година и достигнало околу 53 милиони тони. Според Кинеското биро за статистика, тој број е само малку помал отколку пред избувнувањето на африканската свинска чума (ASF) во август 2018 година, сето тоа благодарение на владините субвенции и поддршката за големите фарми. Во Кина беа изградени згради со дванаесет ката во кои се сместени овие животни.

Побарувачката останува слаба

Закрепнувањето следеше уште пред да се надеваат светските аналитичари. Сепак, побарувачката не ја следи понудата, таа и понатаму е релативно слаба, коментира Зинке, поддржувајќи го фактот дека цените се за 65 отсто пониски од истиот период пред една година. Интересно е што цените не растат без оглед на престојните празници во Кина. На 1 февруари се одбележува Кинеската Нова година кога побарувачката на свинско месо е многу голема, што е придружено со пораст на цените. Но не и 2022 година. Така, десет дена пред празниците цената за килограм е 13.500 јуани или 1,78 евра, додека лани во исто време чинела 30.000 јуани (4,16 евра).

Аналитичарите велат дека ќе биде потребно време за да се израмни пазарот, но дека производството секако ќе продолжи да расте.

Дали во Полска згаснува производството?

Поголемата понуда на домашно свинско месо секако ќе се одрази на побарувачката на ова увозно месо, односно нејзино намалување. Од 1 јануари Кина веќе ги зголеми увозните давачки од 8 на 12 отсто за повеќето производи од месо. Оваа одлука особено негативно влијае на земјите како Германија, која е најголем производител на свинско месо во Европската Унија, но и Полска, која држи 7,4 отсто од вкупното производство на ЕУ. Токму овој дел од Европа го погоди африканската чума и за жал болеста сѐ повеќе напредува.

Поради сето ова фармите во Полска пропаѓаат. Според порталот Фармер, полското здружение на одгледувачи на свињи (Полпиг) известило дека во 2021 година дури 31.500 фармери престанале да се занимаваат со одгледување свињи, што е повеќе од 30 отсто од сите регистрирани одгледувачи на овие животни. Во повеќето случаи тоа се најмалите, кои чуваат само неколку свињи, додека кај поголемите падот е сè уште ограничен.

Во Полска минатата година дури 124 фарми беа погодени од вирусот АСК.

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:кинаполска
Претходен напис Зголемен извозот на пченица од ЕУ, намалени прогнозите за приносите на пченка и соја во Јужна Америка
Следен напис (Видео) По забраната за лов, диви свињи слободно шетаат во делчевските села, ловечките здруженија апелираат да се тргне забраната за лов до 31 јануари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?