Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) По забраната за лов, диви свињи слободно шетаат во делчевските села, ловечките здруженија апелираат да се тргне забраната за лов до 31 јануари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Видео) По забраната за лов, диви свињи слободно шетаат во делчевските села, ловечките здруженија апелираат да се тргне забраната за лов до 31 јануари
Агровести

(Видео) По забраната за лов, диви свињи слободно шетаат во делчевските села, ловечките здруженија апелираат да се тргне забраната за лов до 31 јануари

Објавено 20/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По појавата на африканска свинска чума во Делчевско и мерката за забраната на лов, забележани се диви свињи како слободно шетаат во атарот на неколку делчевски села.

За последниот ваков случај информира Дарко Златковски од Габрово, кој забележал дива свиња покрај патот кој води до селото.

– Дивата свиња беше прилично мирна, не правеше штета, туку бараше храна покрај патот. Некои велат дошла од Вртиславци, некои дека е припитомена бидејќи е одгледувана во домашни услови, вели Златковски.

Дека диви свињи често се одгледуваат во домашни услови, може да се потврди и од случајот од изминатото лето, кога дивото животно беше забележано во градскиот парк во Делчево, а потоа беше потврдено дека свињата избегала од кафез, во кој се чуваат и домашни свињи.

Одгледувачите на свињи кај чии грла неодамна беше извршена депопулација се децидни дека Африканска свинска чума се појави токму од дивите свињи и затоа според нив требаше да се спроведе хајка на диви свињи, со цел да се намали влијанието на вирусот.

Ацо Десподовски од село Драмче на кого му беа уништени 60 грла, потврди дека диви свињи годинава има многу.

-Не само што ги има, туку направија голем пустош по нивите. Целата пченка ја однесоа, а правеа и други штети, вели Десподовски.

Од таа причина неодамна ловечкото здружение „Хантер Про” апелира да се тргне забраната за лов до 31 јануари, за да има поголем отстрел на диви свињи и да се направи увид на умрени единки, со цел да се утврди дали и по депопулацијата на домашните свињи, има присуство на африканска чума кај дивите свињи.

По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче во радиус од три километри беше извршена депопулација на околу 200 грла, за што сопствениците ќе добијат соодветен паричен надомест.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:делчевоДиви свињи
Претходен напис Каква е ситуацијата со свињарството во светот? Во Кина расте бројот на свињи, но не и цената, во Полска 30 отсто помалку одгледувачи на свињи
Следен напис Поради Африканската свинска чума забранет ловот во Италија во следните шест месеци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?