Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале нивоа на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници.
Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија.
Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните максимално дозволени граници, поради што пратката не ги исполнува безбедносните стандарди.
Пратката била откриена во рамки на засилените контроли што бугарската агенција ги спроведува за увезеното свежо овошје и зеленчук во Бугарија.

