Кромидот на отворено може да се сее, односно да се сади по четир-пет години. Ова особено се должи на фактот што паразитските габи, кои предизвикуваат гниење, остануваат активни долго време во почвата, а нивното уништување е тешко успешно да се контролира.
Култивирање и окопување на кромидот
Култивињето се применува во производство каде што се остава соодветен меѓупростор за уништување на плевелот, доколку тоа не се прави со хемиски средства.

Првото култивирање треба да се изведе на плитко, веднаш штом се покажат редовите. Второто, 14 дена по првото, а во подоцнежните фази на развојот, култивирањето се прекинува.
Окопување – треба да се прави плитко и на доволно растојание од растенијата, за да не се оштети кореновиот систем, а кај постарите растенија и формирањето на луковиците. При окопување, растението не треба да се покрива.
Кромидот е доста чувствителен на хербициди, особено во почетните фази на раст. Затоа, треба да се прави хемиски третман на почвата против плевели пред или по ртење кога растенијата ќе добијат 4-5 листови.
