Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вкупно извезени 136.423 јагниња, најмногу во Италија, најмалку во Црна Гора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Вкупно извезени 136.423 јагниња, најмногу во Италија, најмалку во Црна Гора
Пазари

Вкупно извезени 136.423 јагниња, најмногу во Италија, најмалку во Црна Гора

Објавено 19/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од земјава досега се вкупно извезени 136 423 јагниња или 1 560 254 килограми јагнешко месо, велат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, најголем извоз е реализиран во Италија, 85 013 јагниња или 929 990 килограми, а најмал во Црна Гора, 396 јагниња или 5 824 килограми. Во Хрватска се пласирани 23 193 јагниња или 283 784 килограми, во Бугарија 20 860 јагниња или 256 061 килограм, во Грција 5 542 јагниња или 69 262 килограми, во БиХ 906 јагниња или 8 283 килограми и во Албанија 513 јагниња или 7 050 килограми. Цената на јагнето жива мера пред неколку дена беше околу 160 – 200 денари за килограм, но производителите очекуваат нејзино зголемување за велигденските празници. -Од почетокот на годинава до крајот на мај од државава се очекува да бидат откупени околу 130 000 јагниња, од кои само околу 10 000 би завршиле на домашниот пазар, што е во принцип просечна бројка за потрошувачка во нашава земја. Останатите се извезуваат на традиционалните пазари во Италија, Хрватска, Грција, Босна и Бугарија во поново време. Очекувам дека во мај, недостигот на јагнешко во Бугарија ќе се надополнува токму со наши јагниња, додека во летните месеци извозот ќе се интензивира кон туристичките дестинации – Грција, Италија, Хрватска, а можеби и Албанија. За цената сметам дека во периодот по Велигден, нема да има поголеми промени, вели за МИА претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Никола Георгиев. Според него, цената на јагнето е флуктуирачка и постојано расте, секој ден. -Не би можел да кажам конкретна вредност во моментов, но околу 200 денари е откупната цена и постојано расте. Реалната цена ако се земат предвид производните трошоци, би била над 230 денари. Производната цена не се покрива веќе години наназад и тоа е една од причините за падот на овчарството во земјава. За велигденските празници очекуваме вкупната цена да се зголеми, истакна Георгиев. Претседателот на здружението на сточари „Даши“, Скендер Аме за МИА изјави дека цената на јагнето кога почна откупот беше 160 денари, но потоа се зголеми до 185 денари и за викендов достигна 190 денари. Тој смета дека реалната цена треба да биде најмалку 250 денари за килограм. Продажната цена на јагнето во месарниците е 400 – 500 денари.

Може да ви се допадне

Украдени овци и јагниња од бачилото на сточар во штипското село Лакавица
Сточарите во сабота ургентно ќе се соберат, бараат гарантирана откупна цена за јагнињата
Трипуновски: Условот за предавање на јагниња во кланичните центри се намалува од 50% на 30%
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:јагниња
Претходен напис Николовски: Околу 30 проценти е зголемен извозот на флаширано вино годинава
Следен напис Како треба да се негува кромидот за бербата да биде добра?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?