Кина ќе преземе силни и ефикасни мерки за да обезбеди стабилно производство и снабдување со пченка, ориз и пченица, изјави кинескиот потпретседател Ху Чунхуа за кинеските медиуми. Меѓу другото, Пекинг има намера да вложи големи напори за производство на пченка со цел да го премости растечкиот јаз меѓу понудата и побарувачката за ова жито, пишува Agrarheute.
Тој рече дека во оние региони каде што производството опаѓа, мора да го забрзаат неговиот раст, а Владата ќе обезбеди стабилизирање на обработливото земјиште и обработката на минатогодишното ниво.
Минатата година под пченка имало 43,3 милиони хектари, а со пченица 23,6 милиони хектари. Жетвата на пченка достигна рекордно ниво од речиси 273 милиони тони, но потрошувачката беше уште поголема – 294 милиони тони. Произведени се околу 137 милиони тони пченица, а се потрошени речиси 148 милиони тони.
Во исто време, Кина стратешки складира 210 милиони тони пченка – 70 отсто од светските резерви и 142 милиони тони пченица – 50 отсто од глобалните резерви.
Тие бараат и построга регулација на преработката и построга контрола или забрана за користење на пченката како гориво.
Минатата година во таа земја е забележана многу лоша жетва на зимска пченица, која министерот за земјоделство Танг Ренџијан ја опиша како најлоша во историјата. Обилните дождови ја одложија сеидбата на околу една третина од површините наменети за ова одгледување.
Поттикнати од кризата во Украина и загриженоста за домашната понуда, цените на пченицата исто така се зголемија на нов рекорд. Затоа Пекинг сака повеќе да се фокусира на безбедноста на храната во земјата.
