Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како се берат и сушат дивите шипки?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Како се берат и сушат дивите шипки?
Растително производствоСовети

Како се берат и сушат дивите шипки?

Објавено 28/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Месеците, октомври и ноември се идеално време за берба на плодови од дива шипка, исто така позната со латинското име Rosa canina.

Ова растение е познато уште од антички времиња, кога грчкиот лекар Хипократ, раните од каснување од куче ги лекувал токму со корен од оваа грмушка. Овие мали портокалово-црвени бобинки со тркалезна форма, се вистинска ризница на витамин Ц, кој го имаат повеќе отколку во лимонот, портокалот и пиперката заедно!

Затоа шипките се идеални за подготовка на топол зимски чај кој ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе ве заштити од настинка и грип.

Берење на диви шипки

Оваа самоникната, украсна грмушка лесно ќе ја препознаете по силно портокаловите или црвени плодови. Ќе ја најдете на крајот на шумата, ливадите, пасиштата… И секако немојте да берете од оние грмушки што се наоѓаат веднаш покрај патот, поради нечистотијата.

Плодовите берете ги додека се цврсти (никако презреани и меки) и веднаш ставете ги да се сушат. Би било добро шипките да ги берете со ракавици поради острите трња на кој би можеле да се боцнете.

Шипките после првиот мраз ќе омекнат и тогаш можете да ги берете за подготовка на џем.

Сушење

Постарите секогаш шипките ги сушеле природно, на сонце, иако денес, поради можните бактерии, се препорачува сушење во печка.

Пред сушење на плодовите отстранете им ги дршките и тврдите краеви. Можете да ги сушите цели, но подобро е да ги преполовите и да ги исчистите од внатрешните семки и влакненца. Додека ги допирате плодовите, немојте да ги триете очите поради можна иритација и чешање.

Сушење на сонце: ставете ги плодовите на  место каде што има сонце, неколку дена. Повремено превртувајте  ги.

Сушење во печка: загрејте ја рерната на 40-50 степени. Плодовите од шипката распоредете ги на хартија за печење па ставете ги во рерната  3-4 часа.  

Кога шипките ќе се исушат,  извадете ги од ререната и оставете ги да се изладат.

Сушените шипки чувајте ги во памучни вреќички на проветрени и ладни места или пак во тегла. Може да  траат цела година.

Извор: Аgrosavjet.com

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:берење на шипкисушење на шипкишипки
Претходен напис (Видео)Во Австралија се роди јагне со пет нозе
Следен напис Дали селскиот туризам во Србија, ќе ја спаси туристичката сезона и ќе ја врати почитта кон селото?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?