Кога веќе не можеа да патуваат на одмот во странство, на пример во Малта, во Турција, Црна Гора, Хрватска, па дури ни во Грција, српските туристи се упатија кон селата во Србија.
Поради пандемијата, пропаднаа многу работи, многу иселеници од странство не успеаа да се вратат во својата земја, откажани се концерти и разни манифестации, автобуски врски и авионски линии, но луѓето сеедно имаа желба да патуваат и да поминат барем неколку дена надвор од местото во кое живеат.

Селото на сите им излезе во пресрет
А кога веќе не можеа некаде во странство, се свртеа кон својата земја. Некои беа мотивирани од истражувачкиот дух, некои ги фати носталгија за родната куќа, нива и роднините на село, а некои едноставно сакаа да отидат на летување. Судејќи според изјавите на туристите и коментарите на социјалните мрежи, надополнети со атрактивни фотографии, селото на сите им излезе во пресрет.
Село, а сепак условите градски?
Сепак туристите, дури и кога одат на село, бараат куќа со удобни кревети и телевизор, клима уред, а исто така сакаат и домашно сирење, специјалитети под сач и на ражен и др. Задолжително бараат да има купатило во собата, но најмногу уживат во прошетките по околината, секако преку ден, бидејќи ноќе многу села не се осветлени.


Помал дел од туристите се одлучиле да учествуваат во тешки селски работи или одблиску да се запознаат со живтоните кои обично ги гледаат само во продавница. Уште ако во близина има некоја урнатина од дамнешни времиња како на пример црква со приказна за познати историски личности или манастир познат по лековита вода и сл., воодушевуавњето од селскиот туризам е се поголемо, а добриот глас брзо се шири.
Рецептот е јасен
Неофицијален првак на Европа во оваа дејност е Унгарија. Таму секое село има знаменитости, од вистински музеи за земјоделство и спомен плочи на секоја куќа во која била родена, живеела или дошла на гости некоа позната личност, до кафеани во кои наводно лумпувала некоја позната историска личност.
Рецептот е јасен само треба да се прилагоди и да се примени!
Извор: Аgroklub.rs
