Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како правилно се одржува казанот за печење ракија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Како правилно се одржува казанот за печење ракија
Совети

Како правилно се одржува казанот за печење ракија

Објавено 07/09/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дестилацијата е технолошка операција со чија помош компонентите од течните смеси делумно или целосно се раздвојуваат, на основа на нивните различни напони на пареа, односно точка на вриење, на една иста температура. За таа цел при подготовка на ракија, во употреба се апарати за дестилација, печење на ракија, аламбици. Зафатнината на овие дестилатори обично се движи од 80 до 200 литри, а изработени се од бакар од повеќе причини.

Пред сѐ, бакарот е одличен проводник на топлина, отпорен е на високата киселост на комињето и служи како катализатор. Со оглед на тоа дека загревањето се врши директно со оган, со согорување на цврсто гориво, најчесто дрва, за да се спречи прегорување потребно е дното на казанот да биде со дебелина од 5 мм, а не вообичаените 2 мм. Под самиот казан е ложиштето, а над него е капакот, кој ги насочува алкохолните пареи во цевката преку која се водат до ладилникот. Тука со помош на ладење со вода, пареите се кондензираат. Тоа се апарати кои работат со прекини и во кои се изведува т.н двокатна дестилација.

Едноставна дестилација со постепено испарување на течноста во дестилацискиот апарат, со перманентно одведување на пареата на кондензација. Со помош на вака едноставен апарат за дестилација, не може да се добие дестилат со соодветна концентрација на етанол. Затоа со цел за дополнително концентрирање на етанол, се применува повторна дестилација (редестилација) на добиениот дестилат.
Дестилацијата со овој дестилат е релативно бавна, па затоа сѐ почесто се воведуваат дефлегматори, за концентрирање на етанолот.

Дефлегмацијата претставува делумна кондензација на алкохолно-водените пареи во дополнителни уреди на апаратот за дестилација, кои се нарекуваат дефлегматори. Од апаратот за дестилација, пареите одат во дефлегматорот, каде што со ладење со вода, делумно кондензираат. Со оваа делумна кондензација доаѓа до разделување на испарената маса на течен дел со пониска јачина, наречен рефлукс кој како се слева назад на повторна дестилација, и делот од пареата со поголема концентрација на етанол кој продолжува насочени во ладилникот, каде што целосно кондензира и се лади.

Одржување на казанот за печење ракија

Еден од условите за добивање на дестилат со висок квалитет е секако одржување и чистење на апаратот за дестилација. Потребно е да се знае дека после дестилацијата на овошниот дел, казанот и капакот треба да се измијат со млаз чиста вода.

На тој начин се елиминираат сите наталожени материи од мрсна и восочна природа на ѕидовите на казанот, на самиот капак како и на параводната цевка па дури и на цевките на ладилникот.

Кога се работи за потемелно чистење на апаратот за дестилација треба да се знае дека тоа задолжително се врши во следниве случаи: во моментот кога ќе се заврши со дестилацијата на комињето од грозјето или овошните вина, а сакате да преминете на препекување на сирова мека ракија.

Кога сакате да преминете од дестилација на овошниот дел или сировата мека ракија која потекнува од еден вид на оние кои потекнуваат од друг овошен вид.

Ако самиот апарат стоел подолго некористен, темелното чистење на апаратот се врши така што апаратот се разделува на делови од кои секој посебно се мие. За таа цел можат да послужат чисти четки, раствор од сода или некое друго средство за чистење со задолжително триење. После тоа се пристапува на обилно плакнење. Водата за миење мора да биде со квалитет на вода за пиење.

Цевките на ладилникот можат да се измијат така што отворот на излезот од ладилникот се затвора и одозгора се сипува раствор од сода. Овој раствор се остава да изреагира неколку часа и се пристапува на темелно миење.

По составување на апаратот после чистењето во казанот налејте вода па извршете една дестилација. Пареата која минува низ казанот и останатите делови на апаратот ги ослободува од евентуално заостанати надворешни мириси.

Доколку апаратот останува подолго неупотребуван, казанот треба да се држи отворен, за што подобро да се исуши, што воедно важи и за останатите делови на апаратот.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:казанракија
Претходен напис Се што треба да знаете за одгледување на карфиол
Следен напис Маричиќ-Азески: Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?