Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Маричиќ-Азески: Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Маричиќ-Азески: Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско
Агровести

Маричиќ-Азески: Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско

Објавено 07/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и главен преговарач на тимот што ќе преговара со Европската Унија оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на која разговараа за соработката и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори.

– Колку подобро се адаптира македонското стопанство, толку ќе биде полесно по влезот во ЕУ. Со Стопанската комора ја зајакнуваме соработката, на полето на евроинтеграциите, со цел што е можно подобро исполнување на обврските, но и подготовка за можностите што ќе ги донесе идното членство за македонската економија и општество во целина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Претседателот Азески посочи дека Стопанската комора на Северна Македонија го поздравува отпочнувањето на процесот и го прифаќа предлог барањето за вклучување на бизнис заедницата во преговарачкиот тим. Коморите вели Азески мора да бидат вклучени во преговарачкиот процес од самиот почеток кога се моделираат промените, како клучна врска со компаниите која ќе обезбеди транспарентност на процесот кон бизнисот и олеснување на примената (која не секогаш ќе биде лесна и ќе бара драстични промени во работењето на бизнисите). За таа цел претседателот на Комората ја предложи Јадранка Аризанковска за координатор на преговарачкиот тим од Стопанската комора која има 33 години работно искуство во коморско работење, сертифициран менаџмент консултант, инструктор и ментор за проекти и менаџмент процесите во компаниите, проект менаџер на повеќе од 10-тици проекти во Комората реализирани од европските програми преку Европската комисија и повеќе од 20 години работно искуство од директна соработка со европските институции за теми кои придонесуваат за приближување на македонската економија кон европското законодавство.

– Верувам дека експертите од Стопанската комора, кои ќе бидат вклучени во работата на преговарачките работни групи од почетокот на пристапните преговори, ќе дадат значаен придонес во исполнувањето на европските обврски, како со професионално знаење, така и со директни контакти и инпути од бизнис заедницата, истакна Маричиќ, посакувајќи ѝ успех на Аризанковска и добра соработка со Секретаријатот за европски прашања.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:аризанковскаеуМаричиќпреговори
Претходен напис Како правилно се одржува казанот за печење ракија
Следен напис Сончево со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?