Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како напредува сеидбата во Европа и какви се приносите од годинашнава жетва?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Како напредува сеидбата во Европа и какви се приносите од годинашнава жетва?
Агровести

Како напредува сеидбата во Европа и какви се приносите од годинашнава жетва?

Објавено 27/10/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Убавото есенско време им одговара на засеаните посеви, а на ниво на ЕУ прогнозите за принос се ревидирани во однос на бројките во извештајот „Мониторинг на културите во Европа“ објавен од Билтенот на МАРС во септември.

Во Јужна Романија условите за сеидба и никнување не беа добри поради сушата, која траеше до крајот на летото, а беше ублажена со дождот во октомври. Недостигот на врнежи во другите делови на земјата и во Јужна Украина немаше значително негативно влијание. Во Грција и Бугарија, вишокот на врнежи овој месец предизвика одложување на бербата на летните култури кои сѐ уште се на полињата. Периоди со многу високи врнежи се забележани и во делови од Франција и Белгија. Сето ова доведе до одредени одложувања во активностите на бербата и сеидбата, но не предизвика загриженост.

Температури далеку под сезонските вредности преовладуваа во големи делови од Русија, Украина и Белорусија, но немаа значително негативно влијание на посевите.

Забележани се малку потопли услови од вообичаено во поголемиот дел од Централна и Северна Европа, на големи области на Пиринејскиот Полуостров и во Италија, додека постудени беа во Источна и Југоисточна Европа и Русија. Услови посуви од вообичаеното главно се забележани во Украина, Молдавија, Романија и Југоисточна Турција.

Според МАРС, ова лето е поволно за пасиштата во поголем дел од Европа, со некои исклучоци поради сушата и високите температури забележани во Италија, Грција, Бугарија, Унгарија и Јужна Романија.

Во првата декада од август, пожарите во Грција зафатија околу 93.000 хектари, вклучително и речиси 8.000 хектари тревна површина. Во соседна Унгарија летните услови беа неповолни за пасиштата, есенските врнежи ги подобрија, но и понатаму сѐ уште се под просекот. Умерени температури и добро распоредени врнежи за раст на тревата се забележани во Франција, Ирска, Германија, земјите од Бенелукс, Австрија, Чешка, Словачка и Словенија.

Европската сеидба добро напредува

Што се однесува до сеидбата, таа започна во поволни временски услови и добро напредува низ Европа. На почетокот, малку доцнеше во северните земји поради отежнатата жетва на претходните посеви. Во балтичките земји зимската сеидба е завршена до крајот на септември. Во Шведска и Данска добро напредуваше и покрај сушата, а врнежите во октомври создадоа оптимални услови за раст. Во Ирска, Германија и Велика Британија, поволното септемвриско време создаде добри услови и се очекува работите да бидат завршени навреме. Слична е ситуацијата и во Франција, а во Полска малку пониските температури сепак би можеле да влијаат на ртењето на доцна засеаната пченица.

Во Чешка, Австрија и Словачка временските услови беа погодни за сеидба и ран развој на зимските житни култури. Сепак, неодамнешните дождови според МАРС ги забавија овие работи во Источна Словенија и Хрватска. Во Унгарија напредува исто како и во Украина. Во Шпанија и Португалија почнува во средината на октомври, но поволните услови дозволија да се посее нешто порано. Во Италија и Грција сеидбата допрва ќе следи во наредните денови.

Дождливиот август во повеќето северни и западни европски земји малку ја одложи сеидбата на маслодајната репка. Имено, во Ирска, Франција, Белгија, Холандија, Западна Германија, Данска и Шведска, кампањата за сеидба започна тој месец и беше завршена до крајот на септември. Во централните и североисточните делови на Европа доцнеше поради врнежите и премногу влажната почва.

Во Италија и Централна Европа, условите за влажност на почвата беа погодни за овие теренски работи во поголемиот дел од август. Но поради сушата во првата половина на септември таа главно се одложи за крајот на септември и почетокот на октомври. Севкупно, МАРС проценува дека сеидбата ќе заврши во предвидениот период во повеќето делови на Европа. Исто така, се очекува значително зголемување на површините во Франција, Германија, Ирска и Украина.

Какви се приносите?

Што се однесува до пченката, највисоки приноси се очекуваат во Шпанија и тоа 11,8 тони по хектар, додека најниски се планирани за Романија со само 5,79 тони/ха.

Според МАРС, приносите од компир на европско ниво ќе бидат просечни или повисоки од просечните. Најголеми се очекуваат во Холандија со 43,8 тони по хектар, додека оние во Германија се намалени од 44,3 на 43,4 т/ха, а пониски се и во Литванија и Грција.

Просечните приноси на соја се највисоки во Италија со 3,64 т/ха, а потоа следи Хрватска со 3,04 т/ха. Меѓутоа за голем број земји сѐ уште нема податоци. Што се однесува до помалите од вообичаеното, тие се очекуваат во Унгарија (2,40 т/ха), а повисоки во Франција (2,74 т/ха) и Словачка (2,65 т/ха).

Шеќерната репка во повеќето земји се очекува просечни или натпросечни, а најголеми се предвидени во Холандија со 87,2 т/ха.

Кога е во прашање сончогледот, Србија е водечка земја со рекорден принос од 3,13 тони по хектар. Најголемо намалување е забележано во Бугарија, каде приносите се ревидирани на 2,17 т/ха, но сепак се подобри од, на пример, Шпанија, каде што изнесуваат 1,23 т/ха.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:жетвасеидба
Претходен напис Одбележување на Светскиот ден на пчелите во Кочани
Следен напис Во Зелената кула во Атина метар квадратен чини 26.000 евра, а становите се распродадени за рекордно време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?