Кога купувате зеленчук и овошје на пазар, повеќето продавачи ќе ве убедуваат дека нивните производи се 100 посто органски, дека се одгледувани без додаток на хемикалии, пестициди и разни штетни средства.
Но дали навистина е така? Како да знаете дека не се обидуваат да ве измамат? Порано се сметало дека еден од критериумите за избор на органски зеленчук и овошје е формата на плодот. На пример, ако сите домати се со еднаква големина и боја, најверојатно се „прскани“.
Шефот на кујната на еден познат ресторан вели дека нешто друго е пресудно. Еден многу едноставен трик ќе ви открие дали се обидуваат да ве измамат.
„Полека со раката притиснете го доматот. Ако и покрај притисокот останува цврст и ако сите во гајбата се такви, сто проценти се користени хемикалии во одгледувањето. Вистинскиот „домашен“ домат малку ќе омекне кога ќе го притиснете“, открива готвачот.
Извор: agrosavjet.com
