Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Велес ќе добие современ Градски пазар што е од големо значење за регионалната економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Велес ќе добие современ Градски пазар што е од големо значење за регионалната економија
Агровести

Заев: Велес ќе добие современ Градски пазар што е од големо значење за регионалната економија

Објавено 03/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод старт на работите на новиот Градски пазар во Велес.

На настанот покрај премиерот Заев присуствуваа и Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес, Љупчо Николовски, заменик-претседател за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Горан Милевски, министер за локална самоуправа и Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој.

„Овој проект е еден од оние кои се остваруваат од соработката меѓу Владата и општините. За реализација на овој проект обезбедени се финансиски средства во висина од 86 милиони денари и тоа 40 милиони денари Општина Велес ги обезбеди преку Владата на Република Северна Македонија од ставката за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа, а останатите 46 милиони денари како заем од Светска банка преку Програмата за подобрување на општинските услуги. Дополнително, се очекува финансиска поддршка во висина од 15 милиони денари и преку Центарот за развој на Вардарски плански регион, што треба да ги обезбеди Бирото за регионален развој. Со тоа се обезбедени потребните финансиски средства за комплетна изградба на покриениот пазар“, истакна Заев.

„Изградбата на покриениот Градски пазар во Велес е од големо значење за регионалната економија бидејќи од него остваруваат егзистенција голем број земјоделци и трговци од целиот регион. Конечно после неколку децении велешани ќе добијат современ Градски пазар каде земјоделците и трговците ќе имаат соодветни и нормални услови за продажба на своите производи. Новиот објект ќе го врати животот на левата страна на градот и ќе поттикне развој и на нови урбана содржини од интерес на граѓаните. Но најважно од сѐ, ќе придонесе за зајакнување на економскиот развој на градот и регионот“, додава тој.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВелесГрадски пазарекономијазоран заев
Претходен напис Како да препознаете вистински „домашен“ домат?
Следен напис Хоџа: Субвенциите за сите земјоделски гранки ќе бидат исплатени кон сите апликанти кои ги исполниле условите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?