Многумина ја засадија својата градина за прв пат годинава, или барем засадија неколку стебленца од домати на балконот. За да продолжите така и наредната година, соберете го семето од овогодинешните плодови.
Да се има сопствено семе од домати е вистински благодет, особено ако одгледувате, испробани и проверени сорти.
„ Веќе неколку години, во мојата мала градина, одгледувам домати од сортите: воловиско срце, американски домати, домати за полнење и многу слатки шери домати со малку поголеми плодови. Оваа пролет набавив и друг вид американски, сочен и темен домат,кој исто така е многу сладок. Дефинитивно сакав да им го зачувам семето за следната сезона, па го „фатив“ и оваа година“.- раскажува една одгледувачка од Осиек.
Ферментација на семето
За зачувување на семето од доматите, ферментацијата се покажа како најдобар начин, бидејќи така најдобро семето се одделува од остатокот на плодот и подоцна не се лепи на хартијата или садот во кој ќе го чувате. Што значи тоа?
Најдобро е доматите да се оставаат на дршката додека не созреат целосно. Внимавајте тоа да бидат најдобрите плодови.
Отстранете го семето заедно со пулпата, ставете ги во сад, додадете вода и оставете еден или два дена да ферментираат. На површината веројатно ќе се формира бела обвивка или пак ќе се случи да дел од пулпата на површината биде мувлосана, но тоа не треба да ве загрижува.

Потоа префрлете го во цедалка и исплакнете го добро со проточна вода за да се отстранат сите остатоци. Оставете го во цедалката да се исуши или префрлете го во чинија, и откако добро ќе се исуши (немојте да го ставате на сонце), соберете го во хартиени кеси или тегли. Обележете ги за да знаете точно за кое семе станува збор и чувајте го на суво и ладно место.
Ова е време од годината кога се собираат и семиња од други зеленчуци и цвеќиња.
Важно е да знаете кои растенија се едногодишни, а кои двегодишни, па според тоа соодветно да го соберете семето.
Во случај да одгледувате хибриди, не се трудете да ги зачувте , бидејќи наредната година сигурно нема да добиете растенија идентични со оние од кои сте го собрале семето.
Извор: Агроклуб
