Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската агенција за безбедност на храна, започна кампања со назив „Стоп за африканската свинска треска“ во југоисточна Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европската агенција за безбедност на храна, започна кампања со назив „Стоп за африканската свинска треска“ во југоисточна Европа
АгровестиСточарско производство

Европската агенција за безбедност на храна, започна кампања со назив „Стоп за африканската свинска треска“ во југоисточна Европа

Објавено 03/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Little pigs eat a grass with a sow
Сподели
Ad imageAd image

Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) започна голема кампања за подигање на свеста со цел да помогне во запирањето на ширењето на африканската свинска треска (АСТ) во Југоисточна Европа.

Кампањата е насочена кон земји за кои ЕФСА смета дека колективно се вклучени во  т.н. засегнат регион затоа што се наоѓаат во близина на земјите каде што е присутен АСТ. Така, на списокот се најдоа Албанија, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Црна Гора,  Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

Значење на економските штети

Африканската свинска треска (АСТ) е вирусно заболување кое ги погодува домашните и дивите свињи. Вирусот е безопасен за луѓето, но предизвика значителни економски нарушувања во многу земји. Во моментов нема лекови или вакцини, така што за спречување на епидемијата може да биде потребна еутаназија на голем број од овие животни на фармите во погодените области.

“Целта на кампањата е да се подигне свеста и разбирањето за АСТ во сите девет земји. Таа е наменета за групи на луѓе и поединци кои доаѓаат во контакт со домашни и диви свињи, како што се одгледувачите и ловџиите“, побјаснуваат од Агенцијата.

Исто така, ќе се соработува  со ветеринарни организации, ловечки здруженија, земјоделски групи, цариници, гранична полиција, локалните власти, тур-оператори и патници.

Откривање, превенција и пријавување

Бидејќи епидемијата на АСТ може да има многу разорни ефекти, откривањето, превенцијата и пријавувањето се клучни доколку се сака да се постигне  контрола врз оваа болест.

“Ќе споделиме информативни табли, инфографици,  објави на социјалните мрежи спремни за употреба и други материјали. Оваа иницијатива ќе ги надополни тековните напори на Европската комисија и другите меѓународни организации да работат на искоренување на болеста во Европа”, изјавија од  ЕФСА.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:АФРИКАНСКА СВИНСКА ТРЕСКАЕФСАЈугоисточна Европакампања
Претходен напис САД и Мексико ќе разговараат за трговијата со овошје и зеленчук
Следен напис Како да го соберете и зачувате семето од домати за следната сезона
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?