Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Јуфкијада 2023“ во Зрновци: Промоција на домашните производи и барање да се почитува Програмата за мајчинство за земјоделките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Јуфкијада 2023“ во Зрновци: Промоција на домашните производи и барање да се почитува Програмата за мајчинство за земјоделките
Агровести

„Јуфкијада 2023“ во Зрновци: Промоција на домашните производи и барање да се почитува Програмата за мајчинство за земјоделките

Последна измена: 27/06/2023 12:37
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Општина Зрновци денеска беше домаќин на манифестацијата „Јуфкијада 2023“, што ја организираше Националната федерација на фармери, во соработка со локалното Здружение за рурален развој „Јавор“, чија главна цел е промоција на богатото кулинарско наследство на македонските рурални области, но и да служи како платформа за застапување за правата на жените во земјоделството.

На настанот што годинава се одржа по десетти пат, учествуваа стотина жени од рурални средини, а беше потпишано барање до македонското Собраниене да не се кочи реализацијата на Програмата за социјално осигурување за поддршка на регистрираните индивидуални земјоделки за 2023 година и да не се носат избрзани решенија и законски измени.

-Ние, жените од руралните средини, ја истакнуваме важноста на Програмата за социјално осигурување за поддршка на жените во земјоделството за 2023 година. Оваа програма е одлично решение кое им овозможува на фармерките да добијат паричен надомест за време на мајчинството во период од 9 месеци. Голем успех за жените фармери, кои навистина ја заслужуваат оваа поддршка, затоа што ќе имаат право на надомест во случај да бидат спречени да вршат земјоделска дејност поради породување. Ова витално право, кое беше реализирано за прв пат, се однесува на проблем кој опстојува повеќе од три децении. Националната федерација на фармери, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика, неуморно работеше на изнаоѓање соодветно решение, што резултираше со спроведување на Програмата за обезбедување социјална сигурност на жените во земјоделството, во текот на 2023 година, истакна Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери.

Националната федерација на фармери, заедно со координативната група и поддржана од шведската развојна организација We Effect, ќе продолжи да работи кон трансформирање на пилот-програмата во сеопфатно решение.

-Општина Зрновци отсекогаш поддржувала и ќе подржува настани кои ги промовираат старите традиционални вредности и улогата на руралната жена во севкупниот рурален развој. Преку овие традиции се проследуваат вредностите и идентитетот на една заедница, што го чини богато и разнообразно културното наследство. Руралната жена, преку своето активност во зачувувањето на старите традиции, го запазува и засилува социјалното ткиво на селските заедници, истакна Борчо Коцев, градоначалник на општина Зрновци. На „Јуфкијада 2023“ беше подготвена вкусна домашна храна, а имаше и меѓусебно дружење и славење на македонското кулинарско наследство.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Организациски развој на Нaционалната федерација на фармери и подобрени пазарни врски за малите земјоделци и производители од руралните области со цел зголемување на нивните приходи“, поддржан од шведската развојна организација We Effect.

Проектот има за цел да ги подобри пазарните врски за малите земјоделци, давајќи им можност да ги зголемат своите приходи и да придонесат за одржлив рурален развој.

Може да ви се допадне

Поскапуваат горивата
Утре се отвора првиот Парк на пчелата – училница за студентите, простор за едукација и информирање на граѓаните
Во Зрновци почна пилот проект за производство на трутово млеко за јакнење на имунитетот и за подигање на профитабилноста на пчеларството
Сообраќајот непречено, по суви коловози
Започна Новосадскиот саем, еден од најголемите саеми во Европа во областа на земјоделството
Таг:земјоделкитеЗрновциЈуфкијада 2023мајчинство
Претходен напис Бислимовски: Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за струјата
Следен напис ФИТР ќе додели три милиони денари на млади истражувачи за реализација на зелени проекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?