Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР ќе додели три милиони денари на млади истражувачи за реализација на зелени проекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ФИТР ќе додели три милиони денари на млади истражувачи за реализација на зелени проекти
Јавни огласи и повици

ФИТР ќе додели три милиони денари на млади истражувачи за реализација на зелени проекти

Објавено 27/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно шеснаесет основни и средни училишта од целата држава ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот.

Проектите се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #5 – зелени проекти” кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој, соопшти Фондот за иновации и технолошки развој.

Оттаму информираат дека при селекцијата предност имале проектите со интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирање на тимовите, односно имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти и слично, и се поднесени од училишта од рурални средини.

– Со денешните наградени училишта, досега преку Предизвикот за млади истражувачи имаме поддржано 139 училишта од целата држава, во која се опфатени преку 900 ученици и ментори. Фондот ќе продолжи и во иднина да поддржува програми и проекти кои имаат за цел да ги поддржат младите и креативни умови, за кои сигурен сум дека поседуваат огромен потенцијал и ќе создадат подобра иднина, изјави директорот на ФИТР, Фестим Халили.

Како што информираат од ФИТР, во рамките на предизвикот, десет проекти на основни училишта се одобрени за финансирање, од кои ООУ „Сабедин Бајрами” од с. Камењане, ООУ„Александар Урдаревски“ од Чучер Сандево, ООУ „Страшо Пинџур” од Карбинци, ООУ „Браќа Миладиновци” од Струга, ООУ “Киро Глигоров” од Скопје со два проекти, ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево, ООУ „Чајла” од Гостивар, ООУ ,,11 Октомври” од Скопје и ООУ „Даме Груев“ од Струмица.

– Во категоријата на средни училишта, одобрени се шест проекти за финансирање: Гимназија „Ведра” од Скопје, СОУ „Киро Спанџов Брко” од Кавадарци, ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски” од Скопје, СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски-Корчагин” од Скопје, Приватно Средно Училиште “ЈАХЈА КЕМАЛ” од Скопје и СУГС Сарај од Скопје, велат од ФИТР.

Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 3 милиони денари, а максималниот буџет за поединечен предлог проект е до 200.000 денари. За наставниците кои ќе ги водат ученичките тимови, ќе биде обезбедена награда во износ од 30.000 денари, наменети за набавка на дигитална опрема применлива во наставниот процес.Целосната листа на наградедни училишта е достапна на следните линкови:

https://fitr.mk/wp-content/uploads/2023/05/Dobitni-proekti-Predizvik-za-mladi-istrazuvaci-Osnovni.pdf

https://fitr.mk/wp-content/uploads/2023/05/Dobitni-proekti-Predizvik-za-mladi-istrazuvaci-SREDNI.pdf

Од фондацијата информираат дека на предизвикот пристигнале вкупно 57 предлог проекти.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Претходен напис „Јуфкијада 2023“ во Зрновци: Промоција на домашните производи и барање да се почитува Програмата за мајчинство за земјоделките
Следен напис Центар за корисници на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ на новиот градски пазар во Делчево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?