Директорката на АФПЗРР, Даниела Иротова Лазарева во изјава за медиумите информираше дека во декември ќе бидат објавени повиците за Мерка 1, 3 и 7 од програмата ИПАРД.
Таа ги повика земјоделците и агробизнисмените да ги започнат подготовките околу прибирање на потребната документација.
-Ги охрабрувам земјоделците кои планираат да инвестираат во подигање нови насади или производствени капацитети и други инвестиции, да започнат со подготовка на документацијата. Во декември ќе ги објавиме сите средства со кои располагаме од ИПАРД кој завршува 2027 година.
