Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување: Топлотниот бран во летото одзеде повеќе од 50.000 животи, економијата со загуби од 113 милијарди евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Истражување: Топлотниот бран во летото одзеде повеќе од 50.000 животи, економијата со загуби од 113 милијарди евра
Агровести

Истражување: Топлотниот бран во летото одзеде повеќе од 50.000 животи, економијата со загуби од 113 милијарди евра

Објавено 23/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

  Според најновите научни истражувања, повеќе од 50.000 луѓе починале во Европа во летото 2026 година поради екстремна топлина. Тоа беше најсмртоносното лето во однос на смртните случаи поврзани со високи температури на воздухот од почетокот на 21 век, додека европската економија претрпе загуби од 113 милијарди евра.

Според резултатите од истражувањето објавено од научници од Империјал колеџ во Лондон и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, се проценува дека 50.391 смртни случаи се регистрирани во текот на јуни, јули и август. Анализата вклучувала 854 европски градови, кои се дом на приближно 40 проценти од населението на проучуваните земји.

Како што објави Политико и други западни медиуми, научниците откриле дека бројот на смртни случаи е за 71 процент поголем отколку во 2022 година, што беше најсмртоносната година досега. Таа година, се проценува дека 29.480 смртни случаи биле поврзани со високите температури во истите градови.

Истражувачите проценуваат дека 32.619 од вкупниот број смртни случаи биле поврзани со дополнително затоплување предизвикано од човековите активности. Тоа значи дека приближно две третини од проценетиот број на смртни случаи може да се припишат на климатските промени.

- Реклама -
Ad image

Најголем број смртни случаи е регистриран во Италија, каде што научниците проценуваат дека околу 13.300 луѓе починале поради високите температури. Потоа следуваат Франција со приближно 7.300, Шпанија со 6.800, Германија со 6.300 и Обединетото Кралство со околу 4.400 смртни случаи. Според проценката на германската осигурителна компанија „Алијанц“, објавена од германските медиуми, загубите за европската економија поради високите температури во 2026 година достигнаа приближно 113 милијарди евра. Најголема економска штета претрпе Италија, со проценети загуби од 28 милијарди евра, додека во Германија загубите изнесуваа околу 25 милијарди. Франција претрпе штета од приближно 20 милијарди евра. 

МИА

Може да ви се допадне

Презентација на објавениот оглас за Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство преку Мерката 115
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
АХВ учествуваше на работна сесија за унапредување на поддршката за жените земјоделки преку Мерката 115
„Есенско пазарче“ во кумановско Ново Село со локални производи и традиционални вкусови
Николоски: Мора да ги развиваме двата паневропски коридора, тие носат економска, но и политичка стабилност
Таг:50.000 животиекономијатаИстражувањеТоплотниот бран
Претходен напис Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Следен напис Презентација на објавениот оглас за Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство преку Мерката 115
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?