Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈАВЕН ПОВИК за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ЈАВЕН ПОВИК за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија
Јавни огласи и повици

ЈАВЕН ПОВИК за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија

Последна измена: 15/03/2023 09:31
Сподели
9 мин. за читање
Сподели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К

 ЗА ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ВО  РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 I. Предмет на јавниот повик             

Доставување на предлог за користење на техничка поддршка за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми на територијата на РС Македонија (во понатамошниот текст: предлог за користење).

II.Корисници на техничката поддршка и субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства за техничката помош 

Корисници на техничката поддршка и субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства за техничката помош се: здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, јавни научни установи и истражувачи, согласно Законот за научно-истражувачката дејност, образовна институција или установа која ги исполнува условите, согласно Законот за високото образование(*), Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и Законот за образование на возрасните, единици на локалната самоуправа, стопанските комори, основани согласно закон, задруги регистрирани согласно Законот за задругите или земјоделски задруги регистрирани согласно Законот за земјоделски задруги.

III. Поблиски критериуми и начин за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој

Предлогот за користење на техничка поддршка особено содржи:

  1. Податоци за предлагачот;
  2. Назив и резиме на предлогот;
  3. Опис на предлогот (опис на постоечки состојби,  поставени цели, целни групи, активности кои ги опфаќа предлогот и очекувани резултати);
  4. План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација;
  5. Финансиски план на трошоците со детална спецификација на трошоци, временска рамка за нивно настанување и извори на финансирање, како и банкарска сметка на која треба да се исплати поддршката и одговорно лице за настанот;
  6. Изјава дека прифатливите трошоци за реализација на активноста не се финансирани од друга институција.

Кон предлогот за користење на техничка поддршка се приложуваат и следните документи:

  1. Тековна состојба од Централен регистар на РС Македонија;
  2. Препораки или други докази за претходна имплементација на сродни предлози;
  3. Доказ од Централен регистар на РС Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка;
  4. Доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки и
  5. За здруженија и стопански комори: годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот за користење, усвоена согласно Статутот.

IV. Доставување на предлогот за користење на техничка поддршка

Предлогот се доставува во еден оригинален примерок напишан на сопствен меморандум, потпишан и заверен со печат од корисникот на техничката поддршка. Еден ист корисник не може да се појави како основач и/или овластено лице во други предлози за учествуво во постапката за користење на техничка поддршка за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми  на територијата на РС Македонија. Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето на веб страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Предлози доставени после рокот за поднесување и предлози со не комплетна документација, нема да бидат предмет на понатамошна постапка на разгледување и истите ќе бидат одбиени.

Предлозите се доставуваат до архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Аминта III“ број 2, 1000 Скопје, со назнака  Сектор за рурален развој.

V. Прифатливи трошоци за поддршката

Прифатливи трошоци за поддршката за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми  на територијата на Р С Македонија се за:

– закуп на простор;

– изнајмување на штандови и/или бина;

– изнајмување на опрема (аудио и видео опрема, озвучување и осветлување, маси, столици, шатори/пагоди);

– огласување во печатени и електронски медиуми (закуп на медиумски простор) и

– набавка на промотивен материјал (покани, постери, летоци/флаери, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама).

VI. Постапка за избор на корисници

Постапката за избор на корисници по јавниот повик ја спроведува комисија формирана од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, која составува записник за отварање на поднесени предлози, врши евалуација на предлозите за користење и доставува предлог за избор на корисници со висината на одобрената поддршка по корисници до министерот.

Изборот на предлозите ќе се изврши врз основа на евалуација на исполнување на следните критериуми со бодови:

 КритериумБод
1Реални и применливи резултати со брзи ефекти насочени кон остварување на дефинираните стратешки цели за развој на земјоделството30
2Одржливост по реализација на поддршката25
3Директно и индиректно влијание на поголем број субјекти во областа на земјоделството15
4Сопствено или учество од други извори на финансирање15
5Здружување на корисниците на поддршка, јавно-приватно партнерство или други форми на  партнерство со поголем број на корисници10
6Претходно искуство во реализација на активностите од значење за целната група на крајни корисници на поддршка5

Како прифатливи предлози се предлозите кои по изборот од страна на комисијата ќе освојат повеќе од 50 бода.

Врз основа на доставениот предлог за избор на корисници од комисијата, министерот донесува одлука за избор на корисници.

Висината на техничката поддршка ќе биде утврдена врз основа на склучен договор од страна на министерот и избраниот корисник.

VII. Начин на доделување  на техничката поддршка

Министерството со јавниот повик објавува детално упатство за изработка на предлогот и распоред на работилници за информирање за спроведување на мерката кон потенцијалните корисници.

Техничката поддршка се реализира по потпишување договорот.

Висината на поддршката изнесува 100% од прифатливите трошоци, а остатокот од потребните средства кои го надминуваат максималниот износ на поддршката по корисник се на товар на барателот.

Максималниот износ на поддршката по корисник, согласно средствата обезбедени во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој изнесува 120.000 денари.

Исплатата на техничката поддршка се врши по потпишување на договорот во износ од 100% од одобрената сума,  но не повеќе од максималниот износ и во согласност со одобрените средства во програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а се до исцрпување на средства предвидени во дел II став (2)  точка 1 потточка 1.1 од Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 („Службен весник на РС Македонија“ 43/22 ).

Корисниците на техничката поддршка треба во рок од 30 дена по завршување на активноста да достават извештај за реализираната активност до Министерството кој треба да содржи:

– пропратно писмо со листа на документи кои се доставуваат;

– наративен опис на реализираната активност;

– реализирани финансиски средства со докази (фактури или договор помеѓу организаторот и изнајмувач на опрема со спецификација, испратница, работен налог, извод од банка) и

– доказ дека се оддржала манифестацијата/саемот (фотографии).

VIII. Прилози на јавниот повик

За подготовка на предлогот за користење, Министерството на веб страната www.mzsv.gov.mk објавува детално Упатство за изработка на предлогот и распоред на работилници за информирање за спроведување на мерката кон потенцијалните корисници.

Организаторот на  манифестацијата/саемот е должен покрај логото на нивната институција да биде истакнато и логото на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Дополнителни информации може да се добијат во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на телефон 02/ 3134477 локал 204 или на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  www.mzsv.gov.mk

Може да ви се допадне

Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија
Јавен повик 04/2025 за трактори: 600.000 денари неповратен грант, аплицирајте до 07.07.2025
Објавен повик за две мерки за почнување сопствен бизнис
Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори
Трипуновски: Во наредните денови ќе излезе јавниот повик за мерката позната меѓу граѓаните како 50-50
Таг:манифестациисаеми
Претходен напис Објавен јавен повик за организирање на локални манифестации и саеми
Следен напис Тестенините од утре поевтинуваат за 15, млечните производи за 10 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?