Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Тестенините од утре поевтинуваат за 15, млечните производи за 10 отсто


Тестенините од утре треба да поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти. Нивните цени се намалуваат согласно со одлуката што Владата ја донесе минатата недела.

Со одлуката, од тестенините опфатени се макароните и шпагетите. За нив, од 13 март до 31 мај годинава се укинати увозните царински давачки. Само со укинување на царината, според пресметките на Владата, нивната цена се намалува за осум до девет денари во просек во малопродажба. Од Владата очекуваат намалувањето да биде и поголемо.

До 31 мај ќе биде во сила и одлуката за замрзнување на цената на млечните производи: трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Само за три производи нема да имаат добивка, а нема супермаркет или маркет што има под 300 – 400 производи. За големите и да не зборуваме, истакна Бектеши.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера соопшти дека при крај се и анализите кои треба да покажат дали ќе бидат замрзнати цените на шеќерот, јајцата и оризот.

-Владата ќе причека анализите да стигнат официјално од Министерството за економија, за да се продискутираат, изјави Битиќи по средбата со претставници на Германското стопанство.

Според Битиќи, засега е многу мало намалувањето на цените на тестенините и млечните производи, но од утре тие треба да бидат пониски за 15, односно 10 проценти.

-Намалувањето е многу мало, но реакциите се позитивни дека на 16 март сите веќе ќе имаат намалени цени, според она што беше дефинирано. Секако на 16 март, производите ќе стигнат до цената која е зададена, не гледаме дека нема волја од другата страна, рече Битиќи.

Државата е овде да креира можности, да креира услови, да креира предвидливо опкружување. На секоја домашна или странска компанија ќе им се даде можност според законите да ги искористат тие мо

Одлуките за замрзнување на цените, како што нагласи вицепремиерот, не се носат за да се наштети некому, туку за доброто на сите граѓани.

-Секоја мерка се носи за добро на граѓаните. Не сакаме да нанесеме штета со воведување мерки „од денеска за утре“ зашто сме свесни дека одредени суровини се со одредена цена. Затоа дадовме временски период од скоро една недела, за компаниите да потрошат одредени залихи и да почнат со замрзнати, пониски цени. Секоја мерка се носи за доброто на граѓаните, притоа не сакаме да нанесеме штета никому зашто заеднички настапуваме во периодот на криза за да излеземе од неа, изјави Битиќи.

Од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најавуваат дека ќе излезат на терен и ќе постапуваат веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата. Казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

На 28 февруари годинава Владата ја замрзна и цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Пекарската индустрија по неколкудневен прекин на производството и испораката повторно почна да доставува леб, но најави дека ќе поведе правна постапка за наплата на штетата од владината одлука која на месечно ниво, според нивните проценки, изнесува над 1,5 милиони евра.

Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде. Ние сме подготвени за средба со Владата, но не да не канат преку прес-конференции, туку официја

Според официјалните статистички податоци, трошоците на животот во февруари годинава во однос на февруари лани бележат зголемување од 16,7 проценти, а цените на мало од 12,4 проценти.

Мар 15, 2023agrotim3
ЈАВЕН ПОВИК за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна МакедонијаБачовски: Компанијата „Бако нутс“ со финансиска поддршка од ИПАРД, инвестира во нова линија за сушење и опрема за пакување на јаткасти плодови

Напишете коментар Откажи одговор

15/03/2023 Агровеститестенини6

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019