Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен јавен повик за организирање на локални манифестации и саеми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Објавен јавен повик за организирање на локални манифестации и саеми
Јавни огласи и повици

Објавен јавен повик за организирање на локални манифестации и саеми

Последна измена: 15/03/2023 09:31
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на веб страната го објави јавниот повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој, за организирање на локални манифестации и саеми. Повикот е отворен 30 дена почнувајќи од денес и ќе трае до12 април. Има доволно време сите заинтересирани да ја подготват потребната документација и да аплицираат.

На повикот можат да аплицираат здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, јавни научни установи и истражувачи, образовни институци, единици на локалната самоуправа, стопанските комори и задруги .

Предлогот се доставува во еден оригинален примерок, напишан на сопствен меморандум, потпишан и заверен со печат од корисникот на техничката поддршка. Еден ист корисник може да аплицира само за едно барање и неможе да се појавува како основач или овластено лице во други предлози за учество.

ЈАВЕН ПОВИК за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија

Прифатливи трошоци за поддршката се инвестиции за закуп на простор; изнајмување на штандови и/или бина; изнајмување на аудио и видео опрема, озвучување и осветлување, маси, столици и штандови, огласување во печатени и електронски медиуми и набавка на промотивен материјал покани, постери, флаери, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама.

Максималниот износ по корисник изнесува 120.000 денари.

Постапката за избор на корисници ја спроведува посебна комисија, врз основа на евалуација за исполнување на пропишните критериуми.

Министерството секоја година издвојува средства за поддршка на локални манифестации, минатата година поддржавме рекорден број и доделивме 47 договори за поддршка на веќе познати локални манифестации и саеми, но и на нови кои се одржуваа за прв пат. Вкупната финансиска поддршка беше во износ од 5. милиони денари, а оваа година ја дуплираме вредноста и ставме на располагање 10. милиони денари за сите оние кои имаат добри и издржани идеи и кои ќе ги исполнат условите дефинирани во повикот.

Може да ви се допадне

Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија
Јавен повик 04/2025 за трактори: 600.000 денари неповратен грант, аплицирајте до 07.07.2025
Објавен повик за две мерки за почнување сопствен бизнис
Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори
Трипуновски: Во наредните денови ќе излезе јавниот повик за мерката позната меѓу граѓаните како 50-50
Таг:манифестациисаеми
Претходен напис Времето денеска облачно и посвежо со врнежи од дожд и снег
Следен напис ЈАВЕН ПОВИК за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?