Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво
Јавни огласи и повици

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво

Објавено 11/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година (Сл. Весник на РСМ бр. 15/21), Министерството за економија на 10.03.2021година објави Јавен повик за финансиска поддршка за женско претприемништво.

Предмет на овој јавен повик е субвенционирање на претпријатија кои се во сопственост на жени (над 50%) и кои се управувани од жени, преку кофинансирање на 80% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000,00 денари по апликант направени за следните намени:

-Набавка на опрема и алати

-Уредување/подобрување на деловниот простор

-Воведување на софтверски решенија ( 50 % од докажаните трошоци , но не повеќе од 60.000,00 денари)

Ќе бидат субвенционирани докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2020 и 2021 година.

Фирмите кои ќе бидат субвенционирани, по основ на оваа подмерка за набавка на опрема, ќе имаат обврска истата да не ја отуѓуваат, најмалку две години од денот на добивањето на субвенцијата.

Право на учество имаат Приватни претпријатија со мнозински домашен капитал (над 50 %), Регистрирани согласно Законот за Трговски друштва, во сопственост на жени над 50%, управувани од жени, кои ги исполнуваат следните услови:

-Не биле субвенционирани преку Министерството за економија по јавните повици објавени во 2020 и 2021 година и тоа

  • Јавен повик е субвенционирање на претпријатија кои се во сопственост на жени и управувани од жени
  • Јавен повик е субвенционирање на занаетчии
  • Јавен повик е субвенционирање на микро , мали и средни претпријатија

-Да не го надминуваат максималниот дозволен износ од 200.000 евра од вкупно добиена помош за период од три фискални години, согласно Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (Сл. Весник на РМ бр. 141/2011).

-Да имаат работење во траење од најмалку 6 месеци пред објавувањето на јавниот повик

-Да има деловно седиште на територијата на РСМ

-Да има минимум двајца вработени на неопределено полно работно време

-Да спаѓа во категоријата на микро и мали претпријатија

-Да има измирено обврски кон државата и вработените

-Да има статус на активно претпријатие над кое не е покрената активна постапка за стечај или ликвидација

Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е 30.04.2021 година.

Јавниот повик, заедно обрасците потребни за аплицирање во целост е објавен на веб страницата на Министерството за економија.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:женско претприемништвоминистерство за економијасубвенционирање
Претходен напис Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со малини, капини, јагоди, боровинки, рибизли и гоџи бери
Следен напис Агротекстил како заштита на растенијата од температурни скокови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?