Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со малини, капини, јагоди, боровинки, рибизли и гоџи бери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со малини, капини, јагоди, боровинки, рибизли и гоџи бери
Субвенции

Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со малини, капини, јагоди, боровинки, рибизли и гоџи бери

Објавено 11/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за одржување на постоечки овошни насади со малини, капини, јагоди, боровинки, рибизли и гоџи бери, објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 1.7: Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади (малини, капини, јагоди, боровинки, рибизли и гоџи бери) 

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади за секој овошен вид посебно и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Прифатлив минимален број на овошки по хектар за за постоечки производни овошни насади, за секој од наведените овошни видови одделно е даден во следната Табела која е составен дел на оваа уредба;

Табела за минимален број на овошки – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови

Ред. број
Овошен вид
Прифатливиот број на садници по хектар е над
1.боровинка2200
2.рибизла3330
3.малина8000
4.капина1250
5.јагода3100
6.гоџи бери2500

-Висината на директните плаќања за јагода на отворено, малина, капина и боровинка изнесува 33.000 денари по хектар, односно 39.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

-Висината на директните плаќања за рибизла и гоџи бери изнесува 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка до минимум 1 хектар и максимум 5 хектари;

-Висината на директните плаќања определени со оваа уредба, со оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа за секој вид одделно: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60%,  и над 30 ха 30%.

Мерка 1.8: Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.7. за овошни култури предадени во преработувачки капацитет

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и киви и се корисници од подмерка 1.7. на оваа уредба, оствареното производство на овошје да е предадено во преработувачки капацитети за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 година до 25 декември 2021 година, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерката 1.7 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерката 1.8 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 25 декември 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
Ледена лимонада со јагоди
Таг:гоџи беријагодималинирибизлисубвенции
Претходен напис Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со ореви, бадеми , лешници и питом костен
Следен напис ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво
1 коментар 1 коментар
  • Јовица напиша:
    на 27/09/2021 г. во 13:56 часот

    Колку изнесува субвенција за насад на малини со поцршина од 2 декари?Благодарам.

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?