Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за унапредување на туристичката понуда во Осогово,Малешево и околината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за унапредување на туристичката понуда во Осогово,Малешево и околината
Јавни огласи и повици

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за унапредување на туристичката понуда во Осогово,Малешево и околината

Објавено 12/10/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на
Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавува повик за финансиска
поддршка за унапредување на понудата на чинителите во туризам и угостителство во
подрачјата на Осогово и Малешево. Повеќе за проектот http://www.bregalnica-ncp.mk/
Повикот е наменет за туроператори, туристички агенции и организации кои се
занимаваат со развој на туристички производи кои се јавуваат во улогата на интегратори
на туристичката понуда.
Целта на Јавниот повик е да се зголеми атрактивноста на регионот, преку
идентификување и унапредување на слабите точки со цел зголемување на
конкурентноста на туристичките понуди.
Целни групи од важност за агротуризмот во регионот кои се дефинираа за време на
подготвителните работилници за чинителите во туризмот: семејства со деца за посета во
викенд и летен период , училишта за едукативни тури, активни туристи за лесна
авантура, професионалци за активен туризам, парови љубители на природа, постари
посетители кои бараат одмор, се интересираат за природа или историја.
Преку овој Повик, ПЗП обезбедува финансиска поддршка за за интегрирани понуди
направени од туроператори, понатаму во текстот именувани како НОСИТЕЛИ НА
АПЛИКАЦИЈАТА, кои во заедничка понуда ќе влучат минимум 4 локални чинители
на територија на заштитените подрачја, даватели на услуга во агро-туризам, кои се дел
од туристичкиот пакет аранжман, во понатамошниот текст именувани како
АПЛИКАНТИ.

ВИСИНА НА ПОДДРШКА
Вкупната поддршка е во максимален износ од 20.000 CHF (1,122,580 МКД) и тоа
максимум од 5.000 CHF (280.486 МКД по чинител), во пакет аранжманот. Притоа, 20%
од финансиските вложувања треба да отпаднат на трошоци за маркетинг и промоција на
туристичкиот пакет на интернационални пазари. Локалните даватели на услуги,
апликантите имаат обврска да инвестираат во понатамошно подобрување на
капацитетите и зголемување на квалитетот на услугите кои ги даваат, средства во износ
од минимум 10% од висината на добиената поддршка во периодот по добивањето на
поддршката и објавување на интегрираната туристичка понуда, не подоцна од
15.09.2022 год.
ВРЕМЕНСКА РАМКА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
Активностите за подобрување на капацитетите на давателите на услугите ќе се
спроведуваат во периодот индикативно ноември 2021 – април 2022 година, по избор на
најдобрата понуда. Најдоцна во април 2022 година, интегрираните туристички понуди
ќе бидат објавени и промовирани, како и достапни за резервација од страна на
заинтересирани туристи. Во периодот мај-септември 2022 година, давателите на
услугите кои добиле финансиска поддршка за подобрување на капацитетите ќе
спроведат активности за инвестирање.
ПОДОБНИ АПЛИКАНТИ ЗА КОНЗОРЦИУМ СО НОСИТЕЛОТ НА АПЛИКАЦИЈАТА
На овој повик апликантите кои се чинителите од подрачјата Осогово и Малешево и
околината аплицираат во конзорциум со носител на апликацијата – тур оператор или
туристичка агенција. За да бидат подобни за финансирање, апликантите кои ќе добијат
помош, треба:
● да делуваат на територија на Осогово и/или Малешево и околина
● да даваат конкретна услуга во угостителство, сместување, занаетчиство,
активности во природа и сл.
За да аплицира, носителот на апликацијата треба да:
● е правно лице кое се занимава со услуги од областа на туризам, организирани
посети за домашни и странски туристи
● поседува А или Б туристичка лиценца
ПОДОБНИ ТРОШОЦИ
ПЗП ќе поддржи развој на туристичка понуда, предлог туристички пакет или тура, кој
има потреба за унапредување, како полесно би се продавал пред домашните и
странските туристи. Подобни трошоци за финансирање се: уредување на простор за
пречек на гости, реновирање на кујна во некое домаќинство кое нуди локална храна,
уредување на парк или летниковец за пикник, набавка на опрема за активности во
природа, уредување на санитарен јазол внатре или надвор од објектот за сместување,
трасирање патеки за активности во природа, реновирање на традиционална куќа за
престој и сл, трошоци за промоција на турата, маркетинг активности, одржување на
интернет платформа за промоција на подготвените интегрирани туристички понуди и
сл.

КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
Понудите ќе бидат евалуирани врз основа на следните критериуми за евалуација
Критериум Максимум поени
Број на вклучени физички лица, микро и мали
локални бизниси во понудата (1.3)
20
Број на вклучени атракции од регионот кои имаат голем
потенцијал за туристите да ги посетат (2.2)
10
Релевантност на понудата со целните групи од важност за
регионот наведени во повикот (2.3)
15
Искуство на водечкиот апликант и доказ за негова способност
да продава на поголем број на групи преку целата година (1.2)
30
Еколошки концепт кој не ја загадува природата (предложени
еколошки решенија)
25
ЛИСТА НА ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Заедно со пополнетата апликација, апликантот треба да ги достави следните пропратни
документи:

  • Тековна состојба од Ценрален регистар, не постара од 6 месеци од рокот за
    аплицирање;
  • Копија од Лиценца А или Б издадена од Министерство за Економија на
    Република Северна Македонија;
  • Изјави за партнерство и понатамошно подобрување на капацитетите и
    зголемување на квалитетот на услугите од секој апликант;
  • Референтна листа на реализирани тури во последните 5 години;
  • Промотивни материјали од реализирани тури

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Јавниот повик е отворен до 15.10.2021 година до 16 часот, до кога сите заинтересирани
апликанти треба да ги поднесат своите предлог тури и буџети за финансирање.

сите заинтересирани апликанти треба да достават:
– Апликација за пријавување
– Образец за финансиска понуда

Изработените предлози треба да се достават во електронска форма на е-маил адресата
[email protected] и по пошта или лично на следнава адреса:
Ул.Кичевска бр.1, 1060 Скопје

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Претходен напис Шампињони во исхраната на јагнињата – помодарство или предност?
Следен напис Времето денеска променливо облачно, попладне намалување на врнежите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?