Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2023 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2023 година
Јавни огласи и повици

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2023 година

Последна измена: 26/06/2023 08:08
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија” број 72/07,5/09,43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и (,,Службен весник на Република Северна Македонија” број 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот

АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2023 за доставување на барања за исплата на средства од Програма за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2023 година.

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата од потточка 1.6 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите која се врши во време на природен мрест на рибите утврден во риболовната основа и донесеното решение за забрана на риболов по одделни риболовни води за периодот од 1 ноември 2022 година до 30 септември 2023 година и тоа за направени трошоци за:

-услуги од трети лица (рибочувари) за физичка заштита на рибите во висина од не повеќе од просечна месечна бруто плата во дејноста по ангажирано лице

-набавено гориво за пловни објекти во сопственост на концесионерот или даден на користење на концесионерот

-набавено гориво за возила во сопственост или дадени на користење на концесионерот

-изнајмување на пловни објекти од трети лица

Средствата од потточка 2.2. се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 01 февруари до 31 мај 2023 година.

Средствата од потточка 2.2. се исплаќаат скалесто и тоа:

– за купен или сопствен подмладок до 3.500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок од 3500 кг до 7000 – 75% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок од 7000 кг до 9000 – 50% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок над 9000 кг – 25% од вредноста на утврдената цена на подмладокот.

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се доставуваат во оригинален примерок.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2023 година („Службен весник на РСМ”, бр. 37/2023 и 120/23).

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства согласно Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2023 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Обрасците ,,Барање за исплата” со листата на потребни документи и Упатството за корисници може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 14:30 часотна адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул., 3-та Македонска бригада” бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2023 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 01/2023 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата

Доколку ковертот не е обележан како што се бара, Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Краен рок за доставување на барањата за исплата на средства:

За Потточка 1.6

-за вршење на дополнителна физичка заштита на рибите во период од 1 ноември 2022 до 20 март 2023 година, краен рок е 17 јули 2023 година.

За потточка 2.2

– за насадување на рибниците во период од 01 февруари до 31 мај 2022 година, краен рок е 17јули 2023 година.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-450 или на контакт е-маил адреса: [email protected] и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk.

Контакт:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Сектор за одобрување на исплата.

Телефон: 02 3097 – 450, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

E-пошта: [email protected]

Може да ви се допадне

Наскоро субвенции и за производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија
Јавен повик 04/2025 за трактори: 600.000 денари неповратен грант, аплицирајте до 07.07.2025
Објавен повик за две мерки за почнување сопствен бизнис
Таг:аквакултуратабарањаисплатајавен повикрибарството
Претходен напис МЗШВ: Аплицирајте за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство 
Следен напис Најмногу дожд во Битола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?