Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Славески: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички со еднократно подигнување до 20.000 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Славески: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички со еднократно подигнување до 20.000 денари
Агровести

Славески: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички со еднократно подигнување до 20.000 денари

Објавено 03/11/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Народната банка подготвува посебно решение за исплата на пензиите на речиси 3.500 пензионери што примаат пензија преку Алта банка АД Битола, а немаат платежни картички. Се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари преку шалтер, со цел да им се олесни пристапот до нивните средства. Истовремено, се бараат решенија и за компаниите што имаат средства во банката, а треба да ги исплатат платите и да ги намират обврските за даноци и придонеси. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Топ тема“ на ТВ „Телма“ – информира Народната банка во соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Народната банка навремено реагираше со воведувањето привремена администрација во Алта банка АД Битола, како заштитна мерка со времетраење до три месеци, во согласност со законската регулатива. Тимот на Народната банка, којшто е присутен во Банката, континуирано ја следи состојбата и функционирањето на банкарските услуги, вклучително и на банкоматите. Посебно внимание се посветува на изнаоѓањето соодветни решенија за граѓаните коишто немаат платежни картички.

„Од вкупно 11.500 пензионери коишто примаат пензија преку Банката, околу 3.500 немаат платежни картички. За нив подготвуваме посебно решение за исплата преку шалтер. Целта е да им овозможиме полесен пристап до нивните средства, а јавноста ќе биде информирана веднаш штом ќе бидат утврдени сите потребни детали“, посочи гувернерот Славески.

Во оваа насока се разгледува и можноста, исклучиво за пензионерите без платежни картички, да се овозможи еднократно подигнување до 20.000 денари, со цел да се избегнат повеќекратни посети на шалтерите и да им се олесни располагањето со средствата.

- Реклама -
Ad image

Во однос на работењето на правните лица коишто имаат сметки во Алта банка АД Битола, согласно со воведените мерки, тие можат да вршат внатрешни плаќања во рамките на банката, кон сметките на други правни и физички лица, без ограничување на износот. Преносите на средства надвор од банката се привремено ограничени.

„Народната банка ги разгледува и можните решенија за компаниите што имаат средства на сметки во банката, а треба да ги исплатат платите на вработените и да ги намират обврските за даноци и придонеси имајќи предвид дека законскиот рок за нивно плаќање е до 15-ти во месецот“, истакна гувернерот. Тој посочи дека Народната банка континуирано ја следи состојбата, а воведените ограничувања ќе се разгледуваат во согласност со развојот на настаните. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите релевантни промени и донесени одлуки.

Во рамките на натамошните активности Народната банка испратила известување до надлежниот регулатор во Србија со барање во рок од три дена да се произнесе дали Алта банка АД Белград ќе ги понуди на продажба акциите во Алта банка АД Битола.

„Без разлика дали ќе добиеме одговор од регулаторот, по истекот на десет дена, Народната банка ќе ги понуди акциите на Алта банка АД Битола на Македонската берза. Постои интерес од неколку потенцијални инвеститори, од земјата и од странство, за преземање на акциите на банката. Постапката за евентуална продажба ќе се спроведе во согласност со законската регулатива и надлежностите на Народната банка. Целта е да се обезбеди избор на соодветен инвеститор којшто ќе ги исполнува законските и супервизорските критериуми за стекнување квалификувано учество и ќе придонесе за долгорочна стабилност и непречено работење на банката“, истакна гувернерот.

Славески нагласи дека роковите за преземање на следните чекори се кратки бидејќи брзината на постапување е особено важна за изнаоѓање соодветно решение за банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на интересите на клиентите и одржување на стабилноста на банкарскиот систем.

Народна банка

Може да ви се допадне

Над 200 пријави од земјоделци за лица кои пријавуваат за субвенции, а не ги обработуваат површините
Иротова -Лазарева: Целосна исплата на субвенциите за 2025 очекувам до крај на февруари
Средба на министерот Серафимовски со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ
Иротова за Слободен печат: Субвенциите не пропаѓаат поради „Алта банка“, земјоделците да достават сметка од друга банка за да ги добијат парите
Нови 19 тони јаболка вратени од Бугарија поради присуство на пестициди над дозволеното ниво!
Таг:20.000 денариисплатапензиитеСлавески
Претходен напис Иротова -Лазарева: Целосна исплата на субвенциите за 2025 очекувам до крај на февруари
Следен напис Над 200 пријави од земјоделци за лица кои пријавуваат за субвенции, а не ги обработуваат површините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?