Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Аплицирајте за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Аплицирајте за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство 
АгровестиСубвенции

МЗШВ: Аплицирајте за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство 

Објавено 25/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства, кои поседуваат минимум 10 регистрирани преземени пчелни семејства.

За земјоделските стопанства, кои поседуваат од 10 до 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство.

За земјоделските стопанства, кои поседуваат над 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 800 денари по пчелно семејство, евидентирани или регистрирани од Агенцијата за храна и ветеринарство, како примарни производители на производи од животинско потекло, или одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна, или имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Потребното одржување на бројот на пријавените преземени пчелни семејства е до 30 ноември 2023 година.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2.18. за пчелни семејства вкучени во селекција за пеоизводство на шчелни матици, односно за подмерката 2.19.

Корисници на оваа дополнителна подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и се регистрирани одледувалишта на пчелни матици или се нивни членови.

Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по пчелно семејство, кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици.

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачнитеединици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аплицирањејунимзшвнајновопчелисубвенции
Претходен напис МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Следен напис ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?