Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15 39/16, 164/18и („Службен весник на Република Северна Македонија” број 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува ЈАВЕН ПОВИК бр. 2/2021 за доставуване на барања за исплата на средства од Програма за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2021 година.
І. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
Предмет на овој оглас е доделуване на финансиска поддршка за потточките од следните мерки:

II. ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Парво на користење на средства по поддточките имаат:


III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Средствата од потточка 1.6 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите која се врши во време на природен мрест на рибите утврден во риболовната основа и донесеното решение за забрана на риболов по одделни риболовни води за периодот од 1 април 2021 година до 15 јули 2021 година и тоа за направени трошоци за:
-услуги од трети лица (рибочувари) за физичка заштита на рибите во висина од не повеќе од просечна месечна бруто плата во дејноста по ангажирано лице
-набавено гориво за пловни објекти во сопственост на концесионерот или даден на користење на концесионерот
-набавено гориво за возила во сопственост или дадени на користење на концесионерот -изнајмување на пловни објекти од трети лица Средствата од потточка 2.2. се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 01 јули до 30 септември 2021 година.
Средствата од потточка 22. се исплаќаат скалесто и тоа:
– за купен или сопствен подмладок до 2.500 кг
– 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
– за купен или сопствен подмладок од 2500 кг до 5000
– 75% од вредноста на утврдената цена на подмладокот; –
за купен или сопствен подмладок од 5000 кг до 7500
– 50% од вредноста на утврдената цена на подмладокот; за купен или сопствен подмладок над 7500
– 25% од вредноста на утврдената цена на подмладокот.
IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕКОЈА СЕ ПОДНЕСУВА
Барањата се доставуваат во оригинален примерок.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2021 година („Службен весник на РСМ“, бр. 14/2021).
Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства согласно Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2021 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.
V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи и Упатството за корисници може да се подигне на веб страната на Агенцијатаwww.ipаrdpa.gov.mk Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 14:30 часотна адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. бул. „3-та Македонска бригада“ бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје
VІ. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2021 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен ковертна кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 02/2021 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето.
Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата Доколку ковертот не е обележан како што се бара, Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Краен рок за доставуване на бараната за исплата на средства:
- За Потточка 1.6 -за вршење на дополнителна физичка заштита на рибите во период од 1 април 2021 до 15 јули 2021 година, краен рок е 24 декември 2021 година.
- За потточка 22 – за насадување на рибниците во период од 01 јули до 30 септември 2021 година, краен рок е 24 декември 2021 година.
Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
