Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Северна Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр. 03/21 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во Рибарството и Аквакултурата за 2021 година.
I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на овој повик е доделување на финансиска поддршка за потточките од следните мерки:


II КОРИСНИЦИ
Право на средствата имаат следните субјекти, соодветно за секоја поддточка:

ІІІ.ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2021 година (Сл. Весник бр. 14/2).
За Мерка 2.1, финансиката поддршка се исплаќа по принцип на ко финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина на 50% од вредноста на одобрените/прифатливи трошоци за инвестиции Ставката на ко финансирање се зголемува до 55%. 60% и 65%, во случаите кога:
– 55% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување на инвестицијата или жена носител на земјоделското стопанство;
– 60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции во земјоделско стопанство кое се наоѓа во ридско планинско рурално подрачје;
– 65% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поденсуванье или жена носител на земјоделското стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје.
Доделената финансиска поддршка е неповратна.
IV.УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА
Барањата за секоја пооделна потточка се доставуваат во оргинален примерок. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средствата се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2021 година (Сл. Весник бр.14/21).
Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства согласно Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2021 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите. Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на договор за ко-финансирање со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.
V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
Обрасците „Барање за користење на средства” (Образец ПРА – А1) со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipаrdpa.gov.mk во делот Рибарство и аквакултура 2021.
Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата на адреса секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Бул.,,3-та Македонска Бригада” бр.20 (зграда на македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје
VІ. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Пополнетите барања за финансиска поддршка и исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2021 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во Обрасците „Барање за користење на средства” (Образец ПРА – А1) со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipаrdpa.gov.mk во делот Рибарство и аквакултура 2021.
Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата на адреса секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Бул.,,3-та Македонска Бригада” бр.20 (зграда на македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје
Крајниот рок за доставување на барањата е 24.12 2021 година.
Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
